1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ученик уби две лица во училиште во Москва

Две лица загинаа во заложничката драма што денеска (3.02) се одигруваше во училиште во Москва.

Руското министерство за внатрешни работи соопшти дека вооружен маж во училиштето земал како заложници околу 20 ученици и наставници, по што бил совладан од страна на полицијата. Сите ученици се ослободени и меѓу нив нема повредени. Загинати се еден наставник и еден полицаец.

Портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи Андреј Пилипчук соопшти дека еден полицаец е повреден и со хеликоптер префрлен во болница.

Прво се појавија информации дека грабнувачот бил татко на еден од учениците во училиштето, но потоа беше соопштено дека напаѓачот е тинејџер.

За причините за нападот засега не се знае ништо.