1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Учебниците на ревизија

Пред почетокот на учебната година во Македонија ќе се врши ревизија на учебниците. Проблемот настана откако беше откриен голем пропуст во учебникот по Општество за петто одделение. Но грешки има и во другите учебници.

default

Училница

За една седмица почнува новата учебна година, но се’ поизвесно е дека скриптите и во наредните девет месеци ќе бидат незамнелив дел од училишниот прибор. Учениците ќе почнат да следат настава без голем број учебници. На средношколците им недостигаат учебници по многу стручни предмети, учебниците за основците се повлечени на ревизија. Дел од нив ќе бидат препечатени во целост, дел само на спорните страници. Надлежните во образовниот сектор формираат тимови кои ќе треба да ги проверат сите учебници кои се применуваат. Формирањето на ревизорските тимови треба да заврши до крајот на неделата, а ревизијата на сите учебници за 30 дена.

Nikola Todorov Mazedonischer Bildungsminister

Министерот за образование и наука Никола Тодоров

Министерот за образование Никола Тодоров нема да понесе одговорност за хаосот со учебниците во очи стартот на учебната година. „Зошто би поднел оставка за нешто што не сум виновен?“

Тој го вперува прстот на друга страна. „Рецензентите без дилема. Ќе преземам граѓанска одговорност против рецензентите за да почне да се персонализира одговорноста во Македонија.“

Ревизија на учебниците од прво до петто одделение ќе извршат педагошките факултети во Скопје, Штип, Битола и Тетово, а на останатите учебници од основното образование ревизијата ќе ја изведат Националната комисија за учебници, Бирото за развој на образование и експерти од факултетите во Македонија, професори и доктори на науки. Оваа мерка следува по бурните реакции во јавноста за учебникот по Општество за петто оделение во кој случајно беа откриени сериозни пропусти.

Bücherstapel

Реагираше Друштвото на писатели на Македонија. „Жално е што ваквите појави се случуваат во еден важен и чуствителен сегмент каков што е образованието со можност за широки и катастрофални последици“, изјави претседателот на Друштвото на писатели, Веле Смилевски.

Освен учебникот по Општество, спорен е и учебникот по Физика. Еден од рецензентите јавно се огради од содржината во него и ги обвини авторите за елементарно непознавање на материјата од која треба да учат осмоодделенците. Откриените пропусти во учебниците за основците го наметнаа прашањето за учебникарството во Македонија. Каква е постапката на печатење учебници, колкава е компетентноста на авторите и рецензентите, и каде е одговорноста на Министерството за образование во целиот процес.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска