1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Учебната година нема да почне навреме?

Стартот е доведен во прашање поради генералниот штрајк што го најавува Синдикатот за образование наука и култура.

default

СОНК бара зголемување на платите во 90 државни институции кои ги застапува, владата самостојно без консултација со синдикатот ги покачила платите само во неколку. Синдикалците обвинуваат- со тоа е прекршен законот за работни односи и меѓународните синдикални конвенции,како што потенцира и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.

Синдикатот очекува дека во штрајк ќе стапат врботените во градинките, основните и средните училишта, факултетите, сите културни и научни установи.

Владата тврди дека социјалниот дијалог со синдикатот е во тек и бара поголема доверба од синдикатите.

Синдикалците бараат за единаесет проценти повисока плата за вработените во науката културата и образованието. во април почнаа преговори со владата но социјалниот дијалог засега е без резултати. Цветановски смета дека синдикатот не е одговорен за последиците што ќе настанат поради одложувањето на стартот на учебната година, за тоа треба да мисли владата вели синдикланиот лидер.

Новата учебна година чиј старт е неизвесен за основците ја донесува големата новина-концептот на деветтолетка.