1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

УФО се заканува со општ штрајк

По штрајкот на кабинскиот персонал во Берлин, Франкфурт и Минхен, синдикатот УФО за петок (07.09) планира општ прекин на работата. Денеска (05.09) се откажани 20-тина летови на повеќе аеродроми.

Синдикатот на помошниот летачки персонал на „Луфтханза“ се закани дека в петок ќе прогласи генерален штрајк доколку раководството на авиокомпанијата одбие да ги прифати неговите барања за зголемување на платите и зачувување на работните места.

Стјуардите и стјуардесите вчера беа во неколкучасовен прекин на работата заради што беа откажани околу 350 летови до и од европските дестинации на германскиот авиопревозник, а погодени беа повеќе од 40 илјади патници.

Истовремено, од синдикатот УФО истакнаа дека може и да не посегнат по генерален штрајк доколку управата на компанијата се согласи за обновување на преговорите преку посредник и без претходни условувања.

Од „Луфтханза“, меѓутоа, не даваат никакви знаци дека ќе отстапат, и покрај тоа што компанијата губи милиони евра заради штрајкот.

„Луфтханза“ го обвини УФО дека води работен спор врз грбот на патниците, а со својата стратегија да објавува штрајкови само неколко часа претходно на патниците не им дава можност да си направат алтернативни планови за патување.