1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Утре ќе биде промовирана новата либиска влада

Неименуван претставник изјави дека новата влада ќе брои 30 членови од сите региони, а ќе има и жени. ОН одобри Преодниот национален совет на Либија да ја претставува државата во светската организација.

default

Новата преодна влада на Либија в недела ќе го претстави новиот состав.

Минатата недела Махмуд Џабрил, вториот човек во Преодниот национален совет, кој е вршител на должност премиер, истакна дека новата влада на Либија ќе биде составена од седум до десет денови.

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно ја усвои Резолуцијата со која се олеснуваат економските и воените санкции кон Либија и се воспоставува мисија на Светската организација која треба да и‘ помогне на преодната влада во таа држава.

Резолуцијата е донесена само неколку часа откако Генералното собрание на ОН изгласа Националниот преоден совет на Либија да има право да ја претставува државата во Светската организација, со што и формално е завршено признавањето на владата на Моамер Гадафи.

Kämpfe in Libyen Bani Walid

Борбите кај Бани Валид не се завршени

Советот за безбедност ги одмрзна средствата и укина други мерки воведени против либиската Национална нафтена корпорација и нафтената компанија Зуеитин Оил, а исто така се ублажени и санкциите кон Централната банка и други финансиски институции во Либија.

Советот за безбедност истовремено изрази загрижност поради „ширењето на вооружувањето во Либија и потенцијалното влијание кое тоа може да го има по регионалниот мир и стабилност“. Со Резолуцијата е дозволено снабдување со оружје и техничка помош на либиската преодна влада.

Либиските бунтовници се повлекоа од Бани Валид

Во меѓувреме во Либија се‘ уште траат борбите меѓу силите на бунтовниците и оние лојални на соборениот диктатор Моамер Гадафи. Колони бунтовници и автомобили хаотично се повлекоа од Бани Валид поради силно гранатирање врз нивните позиции и околу градот од приврзаници на Гадафи, јавуваат западни медиуми повикувајќи се на очевидци.

„Добивме наредба за повлекување. Врз нас пукаа со голем број проектили. Ќе се вратиме подоцна“, изјавија од Преодниот национален совет.

„Потребно е да се реорганизираме и да се обезбедиме со муниција, тврди друг претставник од Преодниот национален совет.

Автор: ЖА/ АТ/ миа/ макфакс/ дв

Редактор: Александра Трајковска