Утре параф на договорот за стабилизација и асоцијација со Србија | Вести | DW | 06.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Утре параф на договорот за стабилизација и асоцијација со Србија

*

Европската Комисија утре ќе го парафира договорот за стабилизација и асоцијација со Србија изјави претпладнево во Брисел, еврокомесарот за проширување Оли Рен. Парафираниот документ официјално ќе биде потпишан дури откако Белград целосно ќе ги исполни обврските кон судот за воени злосторства во Хаг. Рен нагласи дека ова е добра вест за Србија која е резултат на оценката на главниот хашки обвинител Карла Дел Понте дека Белград ја подобрил соработката. Во своето излагање на оценките за земјите од Балканот и Турција, Рен ги ублажи очекувањата за брзо членство на овие земји во Унијата. Дури и на економски силната Хрватска Комисијата и префрла за раширена корупција во општеството. Турција е критикувана пред се заради недоволната заштита на човековите права, недостатоткот на религиозна слобода за Христијаните и правото на слободно изразување на мислењето.