1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Утре директна средба Груевски- Црвенковски

Премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски утре конечно ќе седнат на заедничка маса. Американскиот амбасадор Филип Рикер денеска укажа на важноста на политичкиот дијалог.

default

Никола Груевски и Бранко Црвенковски

Македонските медиуми денеска јавуваат дека најавената средба меѓу шефот на македонската влада и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на најголемата опозициска партија Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе се одржи утре со почеток во 13 часот. На неа според најавите ќе се разговара за отворените прашања во пресрет на предвремените избори во земјата, но пред се’ оваа средба треба да послужи за обновување на дијалогот власт- опозиција, кој веќе подолго време е во прекин во Македонија.

Neue US-Botschaft in Skopje, 03.07.2009 (Mazedonien, Skopje, USA, Ricker, Fuere) Foto: Petr Stojanovski

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер (десно)

Рикер: Дијалогот е секогаш важен

Американскиот амбасадор Филип Рикер, по најавата за одржување на средба меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски изрази уверување дека политичките лидери ќе бидат во можност да изнајдат решенија за предизвиците со кои се соочува земјата во моментов.

Политичкиот дијалог е секогаш важен, насекаде во светот, во вашата земја, во нашата земја и во другите земји. Уверени сме дека во име на македонските граѓани лидерите и политичките партии ќе бидат во можност да го најдат патот низ различните предизвици кои ги имаат денес“, изјави Рикер.

Автор:СН/БГ/макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM