1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Утре во Њујорк, гласање за новата резолуција за Иран

Советот за безбедност на ОН утре би требало да гласа за проширување на санкциите против Иран поради неговата спорна атомска програма . Амбасадорот на Велика Британија во ОН , Емир Џоунс Пери дека по завршните консултации , петте постојани членки на Советот и Германија ќе ја поднесат на гласање својата предлог-резолуција . Во нејзиниот текст се внесени само мали промени , и речиси сите амандмани на Јужна Африка , поради кои оддолжени консултациите се отфрлени. Резолуцијата предвидува заострени санкции за Иран , односно забрана за Техеран да извезува оружје , но и воведување финансиски санкции за лицата , претпријатијата и институциите кои се поврзани со иранската атомска програма . Со новата резолуција Иран е одново повикан да запре со спорното збогатување ураниум.