1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Уставниот суд ја одби десноекстремната НПД

Десноекстремната партија НПД не успеа во намерата од Уставниот суд на Германија да добие потврда дека работи согласно Уставот.

Уставните судии оценија дека ваква констатација не е предвидена со законот. Со своето барање НПД, според сопствени наводи, сакаше да се спротивстави на тоа „и натаму да се тврди дека партијата дејствува во спротивност со Уставот, а притоа да не е поднесено барање за забрана на партијата“. Уставните судии го отфрлија обвинувањето на НПД дека дебатата што се води околу забрана на партијата има еднакво дејство како фактичка забрана.

Судот го отфрли и барањето на НПД да биде констатирано дека Бундестагот, Бундесратот и Владата ги повредуваат правата на партијата со тврдењата дека таа работи спротивно на Уставот. Уставните судии оценија дека партиите би морале да се соочат и со проценки дека се непријателски настроени кон Уставот. „На вакви изјави дадената партија може и мора да се спротивстави со средства кои се дел од борбата на мислења“, се вели во одлуката од судот во Карлсруе.

Бундесратот во декември донесе одлука за поднесување барање за забрана на НПД, кое во судот треба да се најде во текот на наредните месеци.