1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уставниот суд на Мали го отвори патот за преодна влада

Уставниот суд на Мали донесе одлука функцијата претседател на државата во наредните 40 дена, односно до организирањето нови избори во земјата, да ја извршува претседателот на парламентот Дионкунда Траоре.

default

Претседателот на парламентот на Мали Дионкунда Траоре (во средина)

Одлуката на Уставниот суд доаѓа по воениот пуч во Мали извршен во март и поднесувањето оставка од страна на претседателот Амаду Турмани Туре. Тоа е воедно и дел од постигнатиот договор меѓу воената хунта и западноафриканскиот регионален блок земји ЕКОВАС.

Советот за безбедност на ОН вчера (10.04) изрази загриженост поради „растечката терористичка закана“ во Мали. Советот е особено загрижен поради тоа што членови на Ал Каеда и екстремисти се замешале во редовите на бунтовниците на северот на земјата. Највисокото тело на ОН го осуди насилството и грабежите во регионот и побара веднаш да бидат ослободени лицата кои се киднапирани. Во изјавата на Советот за безбедност се вели дека сите страни во конфликтот Мали мора да работат на „мирно решение“.

Армијата пред двеипол недели го симна од власт досегашниот претседател Амаду Тумани Туре. Поради настанатиот вакуум во власта, на бунтовниците Туарези и на исламистите кои се со нив во сојуз, им успеа во рок од неколку дена да стават под своја контрола голе,и делови од северот на земјата.