1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Уставен референдум во Ирак

Ирачкиот народ денеска е повикан да гласа за новиот устав. За некои точки до последниот момент ќе владее неизвесност, пред се за да се привлечат за уставот да гласаат и Сунитите. Зашто ако тие го бојкотираат, постои опасност уставот да пропадне.

Ќе донесе ли уставот мир?

Ќе донесе ли уставот мир?

Адел ел-Лами, член на ирачката уставна комисија е подготвен самиот да го направи следново: лично да однесе изборна кутија во „Камп крупер„ недалеку од багдадскиот аеродром каде што се затворени поранешниот шеф на државата Садам Хусеин и голем број негови приврзеници. Имено, се додека против нив не започне процес, и тие имаат право да учествуваат на референдумот за новиот ирачки устав. Слично како и околу 10 илјади Ирачани кои се затворени на други места и чекаат на процесите против нив.

Дали Ел-Лами ќе ја спроведе својата понуда е подеднакво незивесно како и тоа дали Садам ќе го даде својот глас. Имено, тој беше оној што точно пред 10 години на истиот ден 15 октомври 1995 година, го организираше гласањето за последниот важечки устав. И, како и при сите плебисцити под бившиот диктатор не беше изненадување што за тој устав гласаа 99,96 насто од Ирачаните.

Колку ќе учествуваат овојпат е неизвесно. Зашто притисокот на режимот одамна е потиснат од притисокот на вкупната безбедносна ситуација во земјата и од со месеци долгите спорови околу некои од клучните точки во уставот.

Притоа, предлогот на уставот, кој во меѓувреме е поделен во милионски примероци меѓу населението, зборува за нешта што во Ирак никогаш не биле слушнати. Веќе во првиот член се вели дека Ирак не е само незвисна и суверена земја, туку дека формата на државата треба да биде демократска, федерална и репрезентативна. Во вториот член потоа е предвидено дека Исламот е државна религија и дека треба да биде основен извор на законодавството. Веќе тука почнува шпагата зашто авторите се обидоа ниту едне закон да не смее да му се спротивставува на Исламот, но истовремено ниту еден закон не смее да биде во спротивност со принципите на демократијата и во уставот застапените права и слободи. Истовремено, исламскиот идентитет на мнозинството на населението е гарантиран во слободата на вероисповедта на сите граѓани. Потоа членот три го констатира она што во Ирак се знаеше и досега: дека државата има различни ентитети, со различни религии и различни секти.

Се чинеше дека и во минатото овие работи се дел од секојдневната реалност на Ирак иако тоа беше само површен впечаток: имено режимот главно се потпираше врз Сунитите кои претставуваат само 20 насто од населението. Подеднакво силните Курди, како и 60 насто од мнозинството Шиити беа потиснати и прогнувани од чисто политички причини.

Сега посебно критички се посматра планираниот федеративен карактер на земјата: Сунитите гледаат обид на Курдите и Шиитите под своја контрола да ги стават најважните провинции со нафтени резерви за на крајот да ја поделат земјата. Ниту детално обработениот член за заштитата на малцинствата не успеа да ги разубеди Сунитите дека ќе бидат најголемите губитници во новиот Ирак. Само со голема мака се успеа Сунитите делумно да учествуваат во уставната комисија и барем еден дел од нив да се убедат дека е разумно да учествуваат на референдумот, место како на парламентарните избори во јануари, да останат дома.