1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Успешните жени во Кина не можат да се омажат

Жените во Кина постари од триесет години можат да заборават на мажењето, зотоа што ги сметаат за премногу стари.

Добро образованите, успешни жени, се на големи маки во патријархалното кинеско општество, во кое се очекува супериорност на мажот. Успешните жени во своите доцни дваесетти се под се‘ поголем притисок од своето семејство, пријателите и кинеската влада, затоа што тие од нив очекуваат да најдат партнер и да се омажат. Штом наполнат триесет, тие веднаш се етикетирани како „остатоци од жени“, и постојат големи шанси никогаш да не се омажат.

„Многумина веруваат дека постојат неколку различни фази на тоа како една жена која не е во врска станува ’остаток’“, вели дваесет и осум годишниот карикатурист Лео Ли, кој заедно со неколкумина други работеше на анимиран филм за феноменот на „остаток“.

„Првата категорија е жени на возраст од 26 до 27 години, кога жените се нарекуваат ’борци против остатокот’“, вели тој за Дојче веле. Тогаш на ред доаѓа фазата од 32 до 35 години, која се нарекува „бисшенгке“ или „Пица хат жени“ кои се презафатени со работа и немаат време да најдат сопруг. На крај доаѓа фазата во која спаѓаат безнадежните жени, кои се на возраст од триесет и пет години и кои се нарекуваат „многу безнадежни жени остатоци“.

Valentinstag Vorbereitungen in China

Тешко е да се најде маж, откако ќе се наполнат 30 години

Во земјата која е благо наклонета кон мажите, заради политиката на владата за едно дете, а и културата на претпочитање на машките деца, не може да се каже дека има недостаток на мажи.

Двата пола, и мажите и жените, страдаат од патријахалниот систем на образование во кој се бара од мажот да биде супериорен над неговата жена, да заработува повеќе, да има подобро образование и да биде побогат.

„Мажите би требало да бидат подобри во секој аспект од врската“, беше една од изјавите кои популарниот водител Ни Лин неодамна ги даде во своето шоу за спојување на самци.

Ограничени од патријархални структури

Според Санди То, професорка на Хонгконгшкиот унивезитет, вели: „Мажите се сѐ уште ограничени од патријархалните ставови и идеологија, кои бараат од мажот да се придржува до нормата за машка супериорност“. То направила интервјуа со жени кои не се во врска и вели дека мажите се плашат од жени кои се исто толку успешни колку и тие.

„Тоа води до феномен во кој мажите од А-класа се женат со жени од Б-класа, мажите од Б-класа се женат со жени од В-класа, а мажите од В-класа се женат со жени од Г-класа. Само жените од А-класа и мажите од Г-класа не можат да ги најдат своите партнери“, вели телевизискиот водител Лин.

Една од тие А-класа жени е дизајнерката Да Лу, родена во провинцијата Јунан, која се преселила во Пекинг пред пет години. Таа вели дека порано се обидувала да си најде момче, но било многу тешко да се одржува врска.

„Бракот не е тоа што навистина го сакав, повеќе сакав да направам нешто за себе“, вели таа.

Под притисок

„Притисокот не доаѓа само од семејството, туку од секаде“, вели Лу, која со своите четириесет и две години ги загрижува сите.

Во своето истражување То дошла до заклучок дека повеќето успешни жени сакаат да се омажат, но често се одбивани од мажите заради нивните достигнувања.

china Geschäftsleute Begrüßung

Успешните жени се обвинувани дека повеќе сакаат кариера отколку брак

„Владата ги обвинува жените затоа што не можат да се омажат“, вели таа. Наместо да гледаат во вистинките пречки со кои овие жени се соочуваат, владата мисли дека овие жени сами си го навлекле ваквиот проблем на себе, затоа што се премногу пребирливи и премногу се фокусирани на кариерата за да се грижат за бракот.

То вели дека постои голема можност овие жени да се свртат кон мажи од западот, затоа што тие се поотворени и имаат помалку патријархални ставови, отколку што тоа е случајот со кинеските мажи.

Лу, која пак сѐ уште е слободна, не е многу загрижена за тоа дали ќе најде маж во блиска иднина. Засега таа ужива во животот и кариерата и вели дека има доволно пријатели за да не се чувстува осамена. „Моите пријатели ми помагаат, како што јас би им помогнала кога ќе им биде потребно“.

На подолг временски период, То очекува дека овој феномен ќе исчезне, затоа што се‘ повеќе жени се образуваат и ќе биде се‘ потешко за мажите да најдат инфериорна жена.