1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Успешна презентација на индустријата

Во Хановер заврши годинешниот индустриски саем, инаку најголемиот во светот. И оваа година тој е во знакот на рекорди, околу 200 илјади посетители, 30 проценти повеќе од претходно, излагачи од повеќе од 60 земји.

default

Една од атракциите: роботи - музичари

Саемот за индустрија во Хановер важи за барометар на конјуктурата и за излог на браншата. Оваа година најголемата изложбена манифестација беше во знакот на енергијата, пред се од обновливи извори, индустриската автоматизација и роботиката, а земјата партнер - Јапонија се претстави со врвна технологија.

Во Хановер беа присутни главните светски фирми во овие области, но и многу средни и мали претпријатија од сите меридијани, меѓу нив и неколку македонски, за кои ова беше исклучителна можност за презентација.

Секако, не едноставно во големата светска конкуренција која владее во браншата на индустријата да се избори место под сонцето, но тоа не значи дека помалите фирми треба да се откажат, потенцираа македонските претставници од фирмите ДАСС Инженеринг од Охрид, Раде Кончар, Техногума и Завар од Скопје.