1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Успешна посредничка мисија на Бил Клинтон

Претседателот на Северна Кореја Ким Јонг Ил на средбата со поранешниот американски претседател Бил Клинтон ги помилува новинарките кои беа уапсени поради нелегално влегување во земјата и осудени на 12 г. принудна работа.

default

Бил Клинтон и Ким Јонг Ил

Белата Куќа инсистира дека не и понудила на Северна Кореја никакви концесии за ослободувањето на двете американски новинарки. Анонимен висок претставник на администрацијата на претседателот Барак Обама во изјава за новинските агенции, без да даде повеќе детали истакна дека поранешниот претседател Бил Клинтон со раководството во Пјонгјанг зборувал за позитивни нешта, кои би можеле да се случат по ослободувањето на новинарките. Тој повторно ги негираше претпоставките дека Вашингтон отворил нов дипломатски канал со Пјонгјанг. Според него Бил Клинтон на раководството во Пјонгјанг во повеќе наврати му порачал дека доаѓа во исклучиво приватна мисија.

„Амнестија“ за новинарките

US-Journalistinnen nach der Freilassung in Nordkorea

Новинарките ја напуштија Северна Кореја

Поранешниот американски претседател е многу ценет во Северна Кореја, бидејќи односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг за време на неговиот мандат беа далеку порелаксирани. Набљудувачите во Вашингтон сметаат дека преговорите за ослободување на новинарките биле извршени претходно, бидејќи не се сакало да се рискира, Клинтон да се врати од Пјонгјанг со празни раце: „Не се испраќа поранешен претседател, без претходно да се осигура дека тој ќе има успех“, рече републиканскиот сенатор Линдзи Греам. Иако Белата Куќа досега не потврди дека со претходни преговори за ослободување на новинарките бил подготвен теренот за Бил Клинтон, сепак претставник на администрацијата истакна дека поранешниот претседател воочи патувањето кон Пјонјанг бил брифиран од членови на тимот на Обама задолжени за националната безбедност.

Пресвртен момент во случајот очигледно беше тоа што Вашингтон се откажа од барањето двете новинарки да бидат ослободени од „хуманитарни причини“. Наспроти тоа договорена е „амнестија“ што пак Северна Кореја може да го вреднува како признание на вината дека двете жени навистина го прекршиле законот. Анонимниот висок претставник на администрацијата на Обама меѓутоа инсистираше дека Бил Клинтон не им понудил извинување на севернокорејските власти за однесувањето на двете новинарки.

Дали станува збор за многу повеќе?

Bildkombo Laura Ling und Euna Lee

Американските новинарки кои беа уапсени во Северна Кореја

Се разбира едно од најчесто поставуваните прашања околу оваа мисија на Клинтон е дали на неа станувало збор за многу повеќе отколку само за ослободувањето на двете Американки. Белата Куќа истакна дека Бил Клинтон веројатно се осврнал и на темата за спорната нуклеарна атомска програма, но оти неговата посета не значи некаков нов почеток кога станува збор за овој спор и за билатерлните односи меѓу двете земји. Истотака јасно беше демантирана информацијата дека Клинтон на средбата со Ким Јонг Ил му пренел порака од претседателот Барак Обама. Демантот можеби е точен, но можеби е и тактика за да се избегне во јавноста избрзано да се говори за затоплување на односите.

Многумина во Вашингтон меѓутоа би го поздравиле тоа, смета републиканскот сенатор Линдзи Греам: „Не знам дали ова е почеток на нешто поголемо. Но би било добро ако ова е основа за подобрување на односите.“

Автор: СН/АТ/афп/ртре/дв

Редактор: Александра Трајковска