1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Успешна мисија на вселенската сонда ,, Длабок удар“

Вселенската сонда,, Длабок Удар“ удри утрото во кометата Темпл и направи кратер на нејзината површина. Сега научниците ќе можат да го испиуваат нејзиното јадро и да соберат податоци ѕа настанувањето на сончевиот систем.

Анимација пред ударот на сондата во кометата Темпл

Анимација пред ударот на сондата во кометата Темпл

Ударот на сондата на површината на кометата Темпл беше долго време планиран конечно се реалитираше утрото- и тоа на 134 милиони километери оддалеченост од Земјината топка. Сондата беше тешка 370 килограми и голема колку една машина за перење, а кометата Темпл колку половина Менхетн, соопштија научниците од НАСА.

Со вселенскиот удар на површината на Кометата, сондата сними фотографии на прачестици кои што на научниците им служат како материјал за испитување на настанокот на сончевиот систем пред 4, 5 милијарди години. Снимките сега ќе ги преземе вселенсткото летало ,Длабока вселена“, кое наредниот период треда да се доближи на околу 500 километри до јадрото на кометата за да направи нови снимки.

,, Удривме токму таму каде што сакавме,, посочи еден од начниците и дообјасни дека судирот на сондата со површината на кометата е толку силен, како да ве прегази камион со брзина од 37 000 километри на час.

Кометите се темелници на нашиот сонлев систем: на планетите Јупитер, Сатурн Нептун. Тие, иако стари милиони голини не се измениле многу, и затоа, ако сакаме да разбереме како настанале овие планети, ние мора да знаеме од што се направени Кометите, вели НАСА експертот Дон Јеоман.

Но би можеле да поминат уште месеци се додека не се анализираат сите податоци, тврдат научниците, според кои кратерот на кометата е голем колку еден фудбалски стадион, а избиените честици од кометата веќе се разнесени во вселената.

Ниту една друга вселенаса мисија не се приближила толку на некоја комета.Кометата Темпл уште во далечната 1887 година, ја откри германскиот астроном Вилхелм Леберехт Темпл.