1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успешна генерална проба

Германската фудбалска репрезентација бравурозно одигра во генералната проба пред решавачкиот нареден натпревар во квалификациите за Европското првенство против Чешка. Во првиот натпревар во оваа година беше победена екипата на Швајцарија со 3 спрема 1:

Курањи се врати во репрезентацијата со убав гол

Курањи се врати во репрезентацијата со убав гол

Пред повеќе од 51 илјада гледачи во диселдорфската арена, токму повратникот во репрезентацијата Кевин Курањи од екипата лидер во првенството, Шалке 04, го отвори резултатот уште во 8 минута, со неговиот 15 гол во дресот на репрезентацијата. Во 30-тата минута, дебитантот Марио Гомез од екипата на Штутгарт, со прекарсен удар со глава, зголеми на 2 спрема 0. Третиот гол за Германците од слободен удар го постигна Торстен Фринкс од тимот на Вердер, додека единствениот гол за Швајцарците го постигна Марко Штрелер. По натпреварот, дебитантот Марио Гомез изјави:

„Ова е фантастично. Ми причини големо задовлство што сум во екипата. Бев добро примен, а потоа тренерот ми рече дека ќе играм од почетокот. Едноставно, беше прекрасно„.

Сојзуниот тренер Јоахим Лев за натпреварот:

„Добро беше што од почетокот покажавме дека ќе го диктираме темпото на високо ниво. Притоа имаше неколку добри комбинации и игравме во длабочината на швајцарската одбрана која, познато е, знае добро да се брани. Во секој случај добро и компактно бевме орагинизирани„.

Инаку, вчера се одиграа повеќе пријателски напревари меѓу кои и средбата Албанија и Македонија. Победија гостите од Скопје со 1 спрема 0.