1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Успешната приказна на Голф

Во 1974. година од производните ленти на Фолксваген излезе првиот модел на Голф. Замислен како наследник на популарната „бубачка“, Голфот во изминатите 40 години ги надмина сите очекувања.

Фолксваген Голф - евергрин од Долна Саксонија. Се појави во 1974 и обележа една цела генерација. На пример, онаа на Валтер Бусиус. Неговиот работен век во Фолксваген беше под знакот на голфот. Или автомеханичарот Карстен Нелс од Хановер, кој и натаму живее од компактниот евергрин. Голфот од прв момент се продаваше извонредно и заедно со неговиот, така да се каже, „постар брат“, „пасат“, го извлече Фолксваген од кризата.

По појавувањето на пазарот беа продадени еден милион возила за 31 месец. Со тоа голф стана најбрзиот милионер во Европа.

„Работата во тоа време ми беше многу невообичаена и стресна. Навечер ме болеа палците. На татко ми му реков, јас веќе не одам таму, а тој ми одговори дека ќе ми влепи шлаканица доколку престанам да одам. Од денешна перспектива можам да кажам дека тоа се исплатеше. Тој имаше право“, вели

Begleitend zur IAA 2013

Најновиот модел на Голф беше прогласен за автомобил на годината за 2013-та

Валтер Басиус, работник во Фолксваген.

Голфот, со смел изглед за тоа време, изработен од италијански дизајнер, ја замени популарната „бубачка“. Голем багажник и мотор напред, за околу 4.000 евра. Но, без десен ретровизор и потпирачи за глава. Фолксваген, народна кола за западните Германци, увезувана и од Источна Германија, со проблеми во квалитетот.

„По пет, шест години се појавија големи слабости на ’голфот 1’. Тоа беа проблеми со корозијата, кои се должеа на кризата со челикот во средината на 1970-тите години. Се користеше евтин челик и поради тоа за голфот имаше бескрајно многу делови за каросеријата. Всушност, можевте целото возило да го купите во ситни делови преку каталог“, вели механичарот Карстен Нелс.

За Валтер Бусиус работите се одвиваа добро. Веќе не работи на лента, во меѓувреме стана заменик раководител на сектор и напредуваше и натаму. Од 1974. се испорачани повеќе од 30 милиони голфови.

Првиот голф стана култен. Подоцнежните модели од 2. до 6. станаа дел од стандардниот инвентар на германскиот сообраќај. Низ годините беше грижливо развиван за да го задржи статусот на „златна кокошка“ на концернот. Во меѓувреме стана покомотен, но доби и повеќе електронски помагала.

„Колку повеќе технологија, повеќе електроника се вградува во ова возило, толку е потешко за нас автомеханичарите да го поправиме, да го одржуваме во ред или воопшто да го откриеме проблемот“, вели Карстен Нелс.

Во меѓувреме, на улиците се појави и седмата генерација на голф. Тој е полесен, поштедлив и исто толку успешен како и неговите претходници - во 2013. беше избран за автомобил на годината во светот.