1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Успешен француско германски минстерски совет

*

Франција и Германија договорија потесна соработка во областа на доселувањето. Првиот француско – германски министерски совет кој се одржа денеска во Берлин заклучи дека министрите за надворешни, внатрешни и правда треба да најдат заеднички решенија и да ги преработат мерките за илегално доселување. Ова го соопштија германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози кои учествуваа на средбата. Според Меркел, Франција и Германија сакаат да заземат заедничка позиција во рамките на ЕУ. Двајцата политичари имаа и посебна средба на која разговараа околу Иран и неговата спорна атомска програма. Средбата следува по нивната одвоена посета на САД во чии рамки разговараа со американскиот претседател Џорџ Буш.