1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успешен старт на Франкфурт во Бундеслигата

Ајнтрахт Франкфурт и Бајерн Минхен новата сезона во Бундеслигата ја стартуваа со три последователни победи. Тимовите на Хамбургер и Хофенхајм и натаму без освоен поен.

Ајнтрахт Франкфурт славеше тесна, но заслужена победа над Хамбургер со 3 спрема 2 - трета последователна победа на тимот на Армин Фе. Хамбургер уште во раната фаза на натпреварот резултатски заостана зад Франкфурт и целото второ полувреме играше со играч помалку, Петр Јиранек кратко пред полувремето доби црвен картон поради фаул. Тренерот на Хамбургер Торстен Финк исто така мораше натпреварот да го следи од трибините поради неговите поплаки. Надежта на тимот од северна Германија, Рафаел ван дер Ваарт, беше најдобриот поединец во гостинскиот тим, но не можеше да спречи пораз на неговиот тим. Ајнтрахт Франкфурт, по три кола во Бундеслигата сега е на второ место, директно зад Бајерн Минхен.

Речиси 30.000 гледачи во Фрајбург вчера (16.09) имаа можност да видат осум постигнати голови. Тимот на Кристијан Штрајх беше подобар од Хофенхајм со 5 спрема 3 и со тоа ја славеше првата победа сезонава. Хофенхајм по третиот пораз сезонава е на дното на табелата на Бундеслигата.

Fußball Bundesliga 03. Spieltag SC Freiburg - TSG 1899 Hoffenheim

Од натпреварот Фрајбург - Хофенхајм

Јасна победа на Дортмунд

Три натпревари, три победи - старт по мерка за Бајерн Минхен. Тимот од Минхен ова коло беше подобар од Мајнц со 3 спрема 1, иако Франк Рибери и Арјен Робен поради повреда натпреварот го следеа од трибините. Веќе по само две минути минхенчани преку Марио Манџукиќ поведоа, вториот гол го постигна Бастијан Швајнштајгер . По паузата Данте беше виновникот за единаестерецот за Мајнц, и резултат 2 спрема 1. Точка на натпреварот пред 71.000 гледачи постави Тони Крос со третиот гол за Минхен.

Актуелниот првак Борусија Дортмунд го надигра Бајерн Леверкузен. Пред 80.000 гледачи головите за Дортмунд ги постигнаа Матс Хумелс, Јакуб Блашиковски и Роберт Левандовски.

Драматика во Хановер

Одлучувачкиот гол во Хановер падна дури во третата минута од продолжението. Тимот на Хановер со 3 спрема 2 победи против Вердер Бремен. Играчот на Хановер, Унгарецот Саболч Хусти, кој го постигна првиот гол и го подготви вториот за неговиот тим, доби црвен картон, односно два жолти, еден поради тоа што го соблече дресот, а вториот поради тоа што во славјето се искачи на оградата.

Fußball Bundesliga - Hannover 96 - SV Werder Bremen

Од натпреварот Хановер - Вердер

Исто така богат со голови беше натпреварот во Менхенгладбах. Борусија загуби на домашен терен против Нирнберг со 2 спрема 3. Натпреварот меѓу Гројтер Фирт и Шалке беше прогласен за топ-натпревар во Бундеслигата. Пред очите на почесниот фан Хенри Кисинџер тимот на Фирт на сопствениот стадион загуби од Шалке со 2 спрема 0. Носителот на Нобеловата награда за мир и поранешен американски министер за надворешни работи Кисинџер пред да емигрира во САД како дете редовно ги посетувал натпреварите на „неговиот“ Фирт.

Без голови заврши натпреварот меѓу Штутгарт и Диселдорф, како и натпреварот од петокот (14.09) меѓу Аугсбург и Волфсбург.