1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успешен старт на германските екипи

Баерн од Минхен, Баер од Леверкузен и Хамбург стартуваа со победи во првото коло од натпреварите за купот на УЕФА:

default

И без Рибари, Баерн постигна победа во Белград

Најинтересниот натревар веројатно беше оној во Белград каде што Баерн со многу среќа ја совлада домашната Црвена Ѕвезда со 3 спрема 2. Домаќините двапати водеа: 1 спрема 0 и 2 спрема 1, но фудбалерите на Баерн преку извонредниот Миро Клозе успеваа да изедначат, за на крајот, во судиското продолжение, преку 17-годишниот Крос да стигнат до победата и од првите три бода. До три бода среќно стигна и Баер од Леверкузен во натпреварот против француската екипа Тулуз. Конечниот резултат од 1 спрема 0 не е израз на подобра игра, туку на среќа, зашто Тулуз особерно во второто полувреме беше подобар, но не успеа да искористи ниту една од големиот број шанси. Затоа, пак, победата на Хамбургер против норвешкиот првак Бран е наполно заслужена. Само едниот постигнат гол е резултат на многуте неискористени шанси, додека Норвежаните, практично и не создадоа можност за постигнување гол. Победите се посебно значајни, зашто реванш – натпревари нема. За натамошниот тек се пласират првите три екипи во групите.

На крајот уште информацијата дека германскиот сојузен тренер Јоахим Лев го продолжи договорот и ќе остане на кормилото на репрезентацијата до 2010 година.