1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успешен старт на Германија

На својот прв меч на ЕП, германската фудбалска репрезентација извојува победа над Полска. Во Виена не се случи чудо - Хрватска го победи домаќинот Австрија.

default

Лукас Подолски ги постигна двата гола за Германија

Германија ја совлада Полска со 2:0 на премиерниот настап на Европското првенство во Швајцарија и Австрија. Ова е прва победа за Германците на ЕП по 12 години. Стрелец на двата гола за германската репрезентација на натпреварот во Клагенфурт, беше Лукас Подолски. Претходно домаќинот Австрија загуби од Хрватска со 1:0.

Инаку полицијата синоќа уапси повеќе од 140 германски хулигани кои скандираа со десноекстремистички пароли и ги провоцираа полските навивачи.

Денеска на програмата се натпреварите Романија - Франција и Холандија - Италија.