1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успешен старт на Германија

Квалификациите за наредното европско фудбалско првенство започнаа со победи на фаворитите - само светскиот првак Италија доживеа блажама

Од средбата Германија - Ирска

Од средбата Германија - Ирска

Германија, третопласирана на последното светско првенство, мораше да вложи многу труд за да дојде до победа од 1 спрема 0 против упорните и борбени Ирци. Ова беше прва победа на Германија над Ирска по 27 години. Резултатот сепак не го одразува реалниот однос на силите, оти Германците не реализира 5-6 убави шанси, Клозе ја погоди пречката, а Швајнштајгер стативата. Голот во 57-та минута од средбата, 16-ти на Лукас Подолски во репрезентативните настапи, беше постигнат со многу среќа: гостинскиот капитен Роби Кин ја закачи топката и и’ ја смени насоката на движење, па таа беше недофатлива за голманот.

„Имавме тешка работа, не беше едноставно. Очекувавме дека ќе имаме тежок противник, но игравме многу дисциплинирано“ – рече капитенот Михаел Балак. Слична е и оцената на новиот сојузен тренер Јоахим Лев: „Многу сме задоволни што го добивме првиот натпревар. Беше доволно тешко. Ирците се многу борбени, играа со нагласен телесен ангажман. Се’ на се’, може да се каже дека ја заслуживме победата оти имавме мноштво од добри шанси“.

И синоќа се повтори еуфоријата кај навивачите како за време на светското првенство, стадионот беше исполнетиот, а на јавното следење на преносот на голем екран во центарот на Штутгарт присуствуваа 40 илјади луѓе.

Синоќа се одиграа повеќе средби од првото коло на квалификациите за наредното европско првенство. Во рамките на Д-групата уште Чешка го победи Велс 2 спрема 1, а Словачка – Кипар со 6 спрема 1. Веќе в среда Германија му гостува на Сан Марино.

Во другите синоќешни квалификациони средби се постигнати следниве резултати:

А-група

Србија – Азербејџан 1 спрема 0, Полска – Финска 1 спрема 3

Б-група

Светскиот првак Италија дома одигра само 1 спрема 1 против Литванија, 65-та на ранг-листата на ФИФА. Франција на гости ја совлада Грузија со 3 спрема 0 и в среда ја пречекува Италија. Шкотска ги победи Фарските острови со 6 спрема 0

Ц-група

Малта – Босна и Херцеговина 2 спрема 5, Унгарија – Норвешка 1 спрема 4, Молдавија – Грција 0 спрема 1

Е-група

Англија – Андора 5 спрема 0, Естонија – Израел 0 спрема 1. Македонија во првиот натпревар во оваа група в среда ја пречекува Англија во Скопје

Ф-група

Северна Ирска – Исланд 0 спрема 3, Летонија – Шведска 0 спрема 1, Шпанија – Лихтенштајн 4 спрема 0

Г-група:

Белорусија – Албанија 2 спрема 2, Луксембург – Холандија 0 спрема 1, Романија – Бугарија 2 спрема 2.

На европското првенство ќе учествуваат двете првопласирани екипи од секоја група, како и организаторите на шампионатот Австрија и Швајцарија.