1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Успех што впечатливо ја потврдува довербата од сонародниците“

Канцеларот Ангела Меркел во меѓувреме доби честитки од повеќемина светски државници за тоа што ќе остане на чело на владата, сега само со друг коалиционен партнер.

default

Канцеларот Ангела Меркел

Американскиот претседател Барак Обама по телефон и’ честита на Меркел и искажа задоволство што и натаму ќе остварува блиска соработка со неа како канцелар во совладувањето на

USA Deutschland G- 20 Gipfel Angela Merkel und Barack Obama

Ангела Меркел и Барак Обама на неодамнешниот самит во Питсбург

заедничките предизвици. Во разговорот соговорниците биле согласни дека со изборот на „силна германска влада“ меѓусебната соработка „натамошно ќе се засили и продлабочи“, соопшти американската влада во Вашингтон. „Соединетите Држави и Германија се блиски сојузници и партнери во поддршката на слободата, безбедноста и благосостојбата“, се вели во изјавата на Белата куќа.

Честитки до Меркел стигнаа и од британскиот премиер Гордон Браун, како и од претседателот на Франција Никола Саркози. „Овој успех впечатливо ја потврдува довербата што ви ја искажуваат вашите сонародници“, изјави Саркози во Париз. Тој

Pressekonferenz Angela Merkel - Nicolas Sarkozy

Меркел доби честитки и од фрнцускиот претседател

искажа и задоволство што и натаму ќе може да смета на ангажманот на Меркел за јакнење на француско-германските односи. „Знам дека и Вие, како и јас, сакате уште посилно германско-француско разбирање во служба на Европа која дејствува, со оглед на големите светски и регионални предизвици, промената на климата, стопанската и финансискка криза“, се вели во писмото што Саркози и’ го упати на германската канцеларка.

Шефот на италијанската влада Силвио Берлускони во честитката до Меркел оцени дека нејзиниот реизбор е „успех за целото семејство на европски народи“. Во телефонскиот разговор со Меркел, како што пренесува агенцијата Анса, тој и’ ја искажал својата поддршка и почитување и укажал на „заедничките претстави за создавање силна и обединета Европа“.

Поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел ја означи Меркел како „неспорна број еден во Германија“, која со партиите на Унијата, како што вели, можеше јасно да се дистанцира од конкурентите. Конзервативниот австриски вицеканцелар Јозеф Прел оцени дека изборниот резултат во Германија покажува оти „луѓето наградуваат политика на одговорност“. Тој, како што пренесува агенцијата АПА, истакнал дека резултатот во Германија се надоврзува на редица изборни успеси на конзервативците во Европа.

Автор: ЗЈ/АТ/апа/дпа

Редактор: Александра Трајковска