1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успех на Вердер против Челзи, реми на Баерн во Москва

Вердер ги задржа шансите за пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите, Баерн е веќе пласиран

Од натрпреварот Баерн -Спартак

Од натрпреварот Баерн -Спартак

Челзи е поразен од Вердер во Бремен со 1 спрема 0, но сите се задоволни – тимот од Лондон, за кого настапува и капитенот на германската репрезентација Михаел Балак, и покрај поразот веќе обезбеди учество во осминафиналето, додека Вердер, пак, се избори за шанса да му се придружи. Обете екипи имаат по 10 бодови. Барселона по победата на гости кај Левски во Софија со 2 спрема 0 е на трето место во А-групата со 8 бодови. Во последното коло во Барселона Вердер мора да извлече барем нерешен резултат – средбата директно ќе решава за пласманот. Левски и натаму нема освоено ниту еден бод.

Во Б-групата во Москва Спартак и Баерн одиграа нерешено 2 спрема 2, иако германскиот тим водеше по првото полувреме. “Наш начин стана игрите да ги направиме повозбудливи – така беше и вечерва”, прокоментира тренерот на Баерн Феликс Магат. Баерн со 11 бодови е сигурен учесник во осминафиналето, но пропушти шанса да го обезбеди првото место во групата - Интер по победата над Спортинг од Лисабон со 1 спрема 0 има 9. Спортинг со 5 и Спартак со два бода само можат да се борат за третата позиција која води во Купот на УЕФА.

Во Ц-групата Ливерпул го совлада Ајндховен со 2 спрема 0, а Бордо забележа победа над Галатасарај со 3 спрема 1. Ливерпул со 13 и Ајндховен со 10 бодови веќе отпорано имаа обезбеден пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во Д-групата отворено е прашањето за вториот учесник, бидејќи водечката Валенсија, која синоќа го победи Олимпијакос со 2 спрема 0, е веќе меѓу 16-те најдобри. Рома загуби од Шахтјор во Доњецк со 1 спрема 0 и му отвори шанса на противникот – сега Валенсија има 13 бодови, Рома 7, а Шахтјор 5. Само Олимпијакос е веќе елиминиран, иако не е без изгледи за освојување на третото место во групарта, што води во Купот на УЕФА.

Меѓу 16-те екипи за осминафиналето на Лигата на шампионите, по средбите во другите 4 групи што беа одиграни во вторникот, веќе се пласираа и Селтик, Милан, Олимпик Лион и Реал Мадрид.