1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Успех за Палестинците: Израел ќе урива дел од ѕидот

Одлуката на израелскиот суд ја поддржа и шефот на израелскиот Генералштаб, Ашкенази. А таа гласи: израелскиот ѕид, кој некаде длабоко навлегува во палестинските области, треба делумно да биде урнат и преместен

default

Ѕидот влегува во палестински подрачја

Речиси сите израелски медиуми молчат. Радиото, телевизијата, весниците воопшто не се интересираат за тивкиот пораз на владата. Единствено либералниот весник „Хаарец“ известува за победата на Палестинците во борбата против заштитниот ѕид, кој требаше да го дели окупираниот Западен Јордан од Израел. Израел сега треба да урне и премести 2,4 километри од заштитната ограда северно од палестинскиот град Калкилиа.

Палестинците успеаја да вратат неколку квадратни километри земја, одалечена околу 15 километри од Тел Авив. Тоа е плодна земја, која им припаѓа ним и Израел практично им ја одзеде кога владата пред пет години започна со изградба на ѕидот.

Пет години правна борба

2.4 километри не се многу при еден ѕид од челик и бетон кој еден ден ќе има должина од 700 километри. Но, корекцијата на текот на ѕидот може да биде пример за другите спорни делови, каде тој навлегува во палестинска територија.

Палестинците од регионот на Калкилиа веќе пет години водат спор пред највисокиот израелски суд поради линијата по која се подига ѕидот. Сега нивните жалби вродија плод. Уште во 2006 година судот во Ерусалим одлучи дека ѕидот не е изграден таму каде би требало да биде од безбедносни причини. Израелската армија многу повеќе имала обзири кон плановите за изградба на израелски населби на Западниот брег.

Бавно спроведување на правдата

Минатата година судот повторно укажа на оваа неправилност. Интересите на изградбата населби не смеат да бидат решавачки за изградбата на ѕидот, туку пресудни терба да бидат легитимните безбедносни интереси на државата Израел. Токму со тоа израелската влада во 2003 година со тогашниот министер Ариел Шарон и ја оправдуваше изградбата на ѕидот:

„Би сакал јасно да истакнам дека заштитниот ѕид не е никаква политичка граница, туку безбедносна. Одбраната овде значи спречување на теророт. Луѓето терба да бидат одвратени илегално да продираат во Израел и активно да се вклучуваат во криминалот.“

Во оваа смисла попушти сега Министерството за одбрана. Кон тоа приодесол шефот на израелскиот Генералштаб Габи Ашкенази. Тој е на функцијата околу една година, но осознал дека планираната градба на нова населба на Западниот брег е всушност причината за простирањето на ѕидот, па се заложил за преместување на линијата по која тој се подига. Ашканази се лути што неговите офицери мораа пред судот да го правдаат ѕидот, иако тука улога не играат безбедносните и одбранбени прашања туку интересите на доселениците. И покрај ова траеше една година додека Министерствто за одбрана го изработи новиот план за локацијата на ѕидот кај Калкилиа.

За Палестинците на Западниот брег одлуката е мал успех. Зашто границата кај Калкилиа и во иднина нема да оди долж меѓународно признатата тн. Зелена линија меѓу Израел и палестинските територии, туку и понатаму во Западен Јордан.