1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Успеси и падови на Македонската берза

Македонската берза мина низ различни фази, доживеа берзански бум во 2007 и рекорден пад на цените на акциите во 2009. Дали берзата создаде повеќе добитници или сепак побројни се оние кои загубија со тргувањето?

default

Македонската берза одбележува 15 години постоење. Кус период, ако се мери од поголема историска дистанца, доволно време за да се вкусат горчината на загубата, но и задоволството на добивката. Трпеливо го сочека процесот на приватизација и им ги отвори

Symbilbild Bilanz, Aktien, Börse

вратите на компаниите за котација. Денес таа е реална слика на македонската економија. Во своето едноипол децениско работење Македонскиот пазар на хартии од вредност мина низ неколку фази. По основањето и периодот на консолидација, берзата почнува да функционира слично на берзите во регионот, вели директорот на Македонската берза Иван Штериев за Дојче веле. „Третата фаза од 2005 до 2007, на бранот на големиот вишок на ликвидност започна онаа динамика, зголемување на промет, раст на цени, тоа е оној берзански бум. Четвртата фаза во која сме и сега, по глобалното отрезнување, прометот е на ниво од 2004, а вредноста на индексот како во 2006 година“.

Придонес за развојот на акционерската култура во Македонија

Mazedonische Börse

Берзата во Скопје

Берзата даде голем придонес во развојот на акционерската култура во Македонија. Преку неа се свртеа 2,7 милијaрди евра. Дали македонскиот пазар на хартии од вредност со скромното 15 годишно искуство регрутираше повеќе добитници или сепак поголем е бројот на губитници, го праша Дојче веле инвестицискиот советник Алескандар Манев од „Илирика“. „Апсолутно, губитници. Но, ние во инвестициските фондови сме задоволни што се’ поголем број граѓани ни ги доверуваат парите бидејќи им гарантираме стручност, ние, за разлика од берзите, кои од почетокот на годината се во минус од некој 20 проценти, сме во добивка од речиси 10 проценти“.

Оптимизам и покрај загубите

Еден од армијата клиенти, кои загубија многу пари на берзата, е скопјанецот Димитар. Но, тој не е обесхрабрен и не се смета за губитник. Признава дека направил грешка со тоа што се задолжил за да купи акции, но не го напушта оптимизмот. „Јас доцна почнав да тргувам на берза. Набрзо откако купив акции берзата почна да тоне, но парите знам дека не се загубени, ги сметам за вложени на некој начин.“

Dax Aktien Börse Abschwung

Оптимист е и првиот човек на берзата Штериев. „Играта кој добива, а кој губи е се’ уште отворена. Таа е поврзана со временскиот хоризонт кога ќе излезете на продажба“.

Сепак падот на вредноста на акциите е евидентен. Од рекорни 10.000 поени на МБИ во август 2007 на 2.200 поени месецов. Голем е падот и на берзанскиот промет. Од два милиона просечен дневен промет во 2007, годинава дневното тргување е сведено на околу 200 илјади евра. Никој не се осмелува да прогнозира кога ќе почне обратниот позитивен циклус, но сите се уверени дека тој сигурно ќе дојде. Манев од „Илирика“ вели: „Ивестирајте во добри компании и купувајте кога сите продаваат“.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска