1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Успеси за историјата

Викендот зад нас е веројатно еден од најуспешните во историјата на германскиот спорт. Михаел Шумахер влезе во легендата на формула 1, надминувајќи го рекордот на Аргентиценот Фанѓо од пет шапионски титули. Германската национална селекција во футбал за жени, исто за прв пат во историјата, стана светски шампион. А и машката репрезетнација се пласираше за наредното Европско првенство во Португалија, поразувајќи го Исланд со 3 спрема 0. Одиме по ред.

Михаел Шумахер влезе во историјата на формула 1 како прв возач со шест шампионски титули во генерален пласман. На последната, многу напната трка во Сузука на Шумахер постариот му беше доволно и осмото место и едниот бод што тоа го носи за да го оствари толку посакуваниот успех. Запрашан дали е свесен дека станал легенда, во разговорот за германската новинска агенција ДПА, Шуми вчера одговори дека тоа секако не му е јасно и додаде дека за него е невообичаено да ја мине целта како осми, а сепак да стане светски шампион. Најголемиот број шампионски титули ги освоив со победи во трките, прокоментира Михаел Шумахер и додаде:

"Денеска можам да кажам дека денеска остваривме многу успеси. А за мене е најголем успехот на тимот, тоа што како тим сите заедно успеавме пет пати по ред да бидеме светски прваци. Поголема награда нема за механичарите, за инжењерите, за сите соработници на Ферари, кои овие успеси едноставно ги заслужија..."

И навистина тимскиот дух на Ферари му ја овозможи шампионската титула. Во Сузука имено прв на целта пристигна неговиот тимски колега Рубенс Барикело, не дозволувајќи му на единствениот конкурент на Шумахер за шампионската титула, Кими Реиконен да освои доволно поени. Студениот Финец сосема "кул" му порача на Михаел Шумахер дека до година повторно ќе се сретнат и ќе ги одмерат силите.

Германските футбалерки исто така пишуваа историја на викендов, освојувајќи ја првата титула светски шампион во драматичното финале во американскиот Карсон. Петкратниот европски шампион во завршниот натпревар на светскиот шампионат ја порази националната селекција на Шведска со 2 спрема 1. Златниот гол го постигна Ниа Кинцер во 98 минута и ги круниса напорите на целиоттим на селекторката Тина Тојне-Мајер, за која силниот тимски дух и континуитетот во играта беа решавачки за освојувањето на шампионската титула:

"Низ целиот турнир, мислам дека ги одушевувавме гледачите."

И конечно, викендот зад нас беше успешен и за машката селекција во футбал, која во последниот натпревар за квалификациите за Европското првенство во Португалија го порази Исланд со 3 спрема 0. Головите ги постигнаа Михаел Балак во 9-та, Фреди Бобиќ во 59-та и Кевин Куранји во 79. минута. Слекторот Руди Фелер, оцени:

"Се чувствуваше малку притисок, при што ова малку е разубавување. Секогаш кога имаме важни натпревари, кога станува збор за се' или ништо, тогаш постои стравување дека притисокот од одговорноста ќе биде преголем за некој од играчите. Но, тимот денеска одлично одигра, пред се' во првото полувреме" - нагласи Руди Фелер. Германија влегува во завршните натпревари како прва во петтата група, а зад неа е Шкотска, која под водство на Берти Фогтс на викендов ја победи Литванија со 1 спрема 0.