1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Усогласувања пред седницата на Парламентот

Во македонскиот парламент денеска на вонредна седница премиерот Никола Груевски треба да објасни што се договорил со лидерот на ДУИ.Али Ахмети Синоќа партиските лидери имаа средба со амбасадорите на ЕУ и на САД

default

Што ќе каже денес премиерот во Собранието

Скопската јулска врела ноќ како да асоцираше на охридското жешко лето 2001 година,претседателот и четирите тогашни партиски лидери наспроти амбасадорската двојка од ЕУ и САД.Тесниот сокак до резиденцијата на европскиот амбасадор во Скопје одвај ги собра мерцедесите на партиските водачи на четирите највлијателни политички партии.Ерван Фуере и американската амбасадорка во Скопје Џилиен Миловановиќ успеаја на работна вечера да ги соберат и спојат партиските лидери со шефот на државата.Претседателот Црвенковски првпат се вклопува и вклучува во меѓупартиското усогласување,во чиј центар бил процесот на деблокирање на изборот на петте нови членови за Републичкиот судски совет и забрзување на судските реформи.Сепак,странците не успеаја во обидот да ги видат заедно претседателот и премиерот.Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ја игнорираше поканата за вечера,очигледно преокупиран со серијата ангажмани околу санирањето на состојбите околу пожарите,а неговиот пример го следеше и лидерката на опозициониот СДСМ Радмила Шеќеринска.

„Разговаравме за тоа како да се најде решение за составот,докомпонирање на судскиот совет во однос на изборот на останатите пет членови“,изјави вицепремиерот Ставрески.

„Да стигнеме до решение на наоѓање на најдобрите експерти кои што конкурирале за тоа и тие петмина да бидат предложени на Собранието,согласно со процедурата“,рече потпретседателот на СДСМ Макрадули.Овие двајцата им беа партнери на претставниците од ДУИ и ДПА.

Странците се обидуваат да ги доближат макеоднските партиски водачи пред денешното остро вкрстување на ставовите на власта и опозицијата.На вонредно парламентарно заседание премиерот Груевски треба да објасни што договорил со лидерот на ДУИ Али Ахмети и дали на мала врата се врши ревизија на Охридскиот договор,особено околу официјализирање на албанскиот јазик.

„Има една вистина која што ќе биде презентирана и тоа е тоа,јас сум прилично растоварен по тоа прашање и многу сум среќен што има таква седница“,изјави премиерот Груевски.Иако тој покажува смиреност,опозицијата мисли дека Македонија станува заложник на неговиот билатерален договор со Ахмети. Дали амбасадорите вршеле притисок за признавање на овој договор:

„Не се разговараше за тоа“Мебдух Тачи демантираше дека амбасадорите Фуере и Миловановиќ ги смирувале страстите на партиските лидери пред денешната парламентарна седница.