1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Услов над сите услови за Србија

Официјален став на Брисел е фразата „нормализација на односите, а не признавање на независноста на Косово“. Аналитичарите предупредуваат на разликата меѓу официјалната политика и политичката реалност.

Изјавата на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, каде по првпат еден така висок претставник на ЕУ рече дека признавањето Косово ќе биде услов за влез на Србија во ЕУ, предизвика многу коментари и различни толкувања во Брисел, почнувајќи од сосема спротивните одговори, преку ставот оти се работи за „погрешна интерпретација“, па се до појаснувањето од кабинетот на самиот Шулц во кое се вели дека „претседателот само го рече она што е очигледно“.

И додека европските политичари се занимаваат со фрази како што е „нормализацијата на односите, а не признавање“, во Центарот за европска политика во Брисел велат дека треба да се направи разлика меѓу „формални услови“ за влез на Србија во ЕУ и политичката стварност.

Европските аналитичари и политичари повторуваат дека ЕУ нема да направи иста грешка и во своите редови да прими уште една поделена земја, како што тоа беше случај со Кипар. Аналитичарката од Центарот за европска политика Роза Балфур смета дека изјавата на претседателот на Европскиот парламент всушност не е далеку од „состојба на работи кои ќе се случат кога прашањето за влезот на Србија ќе стане актуелна стварност“.

Во чие име говори Шулиќ и колку е далеку од вистината?

Ivica Dacic und Martin Schulz in Brüssel

Ивица Дачиќ и Мартин Шулц во Брисел

И додека Балфур оценува дека Мартин Шулц беше поексплицитен од многу политичари, но и послободен во говорот на таа тема од оние кои посредуваат во дијалогот меѓу Србија и Косово, известувачотво Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин за Дојче веле забележува дека Шулц зборува „во свое лично име“, како еден од пратениците од ЕУ кој е прв меѓу еднаквите.

„Во име на Европскиот парламент и во име на целата ЕУ не можам да зборувам, посебно не кога зборувам за Косово, кое не го признаа пет држави членки“, забележува Кацин.

Меѓутоа, кога е прашање за „условите над сите услови“, кое ја чека Србија на самите врати на Унијата, Кацин вели:

„Ако прашате студент, кој сега запишува студии, што би одбрал за дипломска работа, никој не може да ви даде одговор на тоа прашање. Па, така ниту јас не можам, ниту смеам да одговарам во име на Србија, која дури сега бара датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ“.

Брисел за сега ги поздравува чекорите на новата влада

Jelko Kacin

Јелко Кацин

Известувачот за Србија во Европскиот парламент вели дека иако е загубено многу време на изборите, сепак во земјата дојде до поместувања непосредно по формирањето на коалицијата и институциите, а земјата се појавува и на меѓународна сцена, презема проактивна улога и оти тоа е она што ЕУ го очекува.

„Србија која знаеше да биде кочница и за себе и за регионот, сега сепак со конкретни чекори, со сосема поинаква коалиција, за која многумина мислат дека не може да даде ништо од себе, докажува дека може и побрзо и повеќе уште на самиот почеток“, забележува Кацин.

Тој во овој момент ја повикува Србија на „хармонизација на напорите на сите делови од власта“, како би дошло до поширок консензус и едногласната порака од земјата.