1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Усвоен Уставот на ЕУ

Смитот на Европската унија повторно траеше повеќе од планираното: по маратонската седница до доцните синоќешни часови, 25-те шефови на држави или влади постигнаа согласност за заедничкиот устав.

Шредeр,Проди и Блер на самитот во Брисел

Шредeр,Проди и Блер на самитот во Брисел

Сега се на ред парламентите и гласачите. Сепак, доминираше спорот околу наследникот на претседателот на Европската комисија Романо Проди. Самитот го одложи решението на има намера бргу да избере прифатлива кандидат. По долги и жилави преговори беше постигната согласност за идниот устав на Европската унија. По двојниот изборен дебакл на европските избори пред една недела – малото учество на избирачите успехот на евроскептиците – сите во Брисел беа согласни дека неуспех натаму ќе го заслаби угледот на Европската унија. Соодветно олеснето германскиот канцелар Герхард Шредер за крајот на самитот изјави:

“Ова вистина е историско решение што го донесовме. До него не дојдовме едноставно, како што ви е познато. Но, тоа што сепак го постигнавме е неверојатно многу. Европа со овој устав повеќе се приближува и станува политички водечка – поголема Европа, нешто што сите го сакавме“.

Претседавачот на Унијата, ирскиот премиер Берти Ахерн го подвлече значењето на Уставот за Европа:

“Овој устав ќе и овозможи на Европската унија да биде потранспарентна и подемократска. Тој ги определува потребите на Унијата и на земјите членки со што Унијата ќе може подобро да ги исполнува своите задачи. Уставот ни дава рамки за да можеме да станеме поголеми и да можеме натаму да се шириме. Ова е голема победа за Европа и голема победа за сите Европејци“.

Спорот околу модусот за гласање е решен компромисно и тој гласи: одлука врз основа на предлог на Европската комисија може да биде донесена ако за неа гласаат 55 насто од земјите-членки, но најмалку 15. Тие истовремено треба да претставуваат 65 насто од населението. За блокада се потребни најмалку 4 држави, кои претставуваат најмалку 35 насто од населението. Значи, многу бројки што не го правата уставот баш лесен за разбирање. Тоа го признава и канцеларот Шредер:

“Секако дека е комплексно и компликувано. Секој од вас што посматраше овде, знае зошто е тоа така. Но, и тоа е дел од вистината за Европа“.

Жестока дебата се водеше за идната големина на Парламентот и на Европската комисија: и овде сојузната влада мораше да даде дополнителни отстапки: место 99, Германија ќе има 96 парламентарци. Во комисијата од 2009 година само три четвртини членки ќе имаат претставник според принципот на ротација. Изостана јасна определба за христијанките вредности во преамбулата како што бараа Полска, Шпанија и Португалија. Учесниците на самитот не успеаја да се согласат кој ќе биде идниот претседател на Европската комисија. Решението е одложено. Обајцата најжешки кандидати, белгискиот премиер Ги Ферхофшатат кој ја имаше поддршката на Германија и Франција, како и кандидатот на Европската народна партија Крис Патен во меѓувреме се повлекоа од трката. Несогласувањата околу наследникот на Романо Проди предизвикаа доста бура, но претседавачот Берти Ахерн неуспехот го прифати со хумор:

“За тоа воопшто не се грижев, ниту мислев. За време на работата дури и го заборавивме тоа прашање. За тоа ќе размилсувам од понеделник. Радо би сакал ова прашање да го решиме за време на ирското претседателство“.

Инаку, уставот ќе стапи во сила дури откако ќе го ратификуваат сите земји-членки преку парламентите или на референдуми што треба да заврши најдоцна до 2007 година. Што ќе се случи ако некоја земја гласа против уставот, за тоа во Брисел по овој самит никој не сакаше да размислува.