1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Усвоен законот со новините во основното образование

Деветолетка и воведување веронаука или историја на религија,овие новини ќе бидат во сила од идната учебна година

default

Децата родени во 2001 и 2002 година наесен ќе станат првоодделенци. Првата генерација од новата деветолетка почнува во септември со неполни шест години. Освен оваа промена со вчера усвоениот закон за основно образование се воведува уште една новина што ќе се применува од учебната 2008 – 2009-та. Учениците кои тогаш ќе бидат петто одделение ќе мораат да изберат еден од двата предмети. Веронаука или историја на религија. Министерот за образование Сулејман Рушити ги бранеше новините од критиките на опозицијата и дел од експертите.

- Ние знаеме дека реформите особено во образованието не се лесни но знаеме и цврсто стоиме на ставот дека тие реформи мора еднаш да почнат.

Новините отворија повеќе дилеми. Колку децата од играта како нивна главна преокупација во градинките ќе можат да се прилагодат на наставната програма. Воспитувачките од една скопска градинка објаснуваат.

-Децата многу повеќе ќе научат преку играта,отколку да бидат статични и само да ве слушаат што кажувате.

-Препознаваат букви,само ги учат да ги препознаваат буквите,не да ги пишуваат и читаат.Работиме според програма на нулта група,а има и додатни активности,англиски и физичко и ритмика и танц.

Пратениците од опозицискиот СДСМ но и од помалите партии од власта беа против воведувањето на веронаука во училиштата.

Јани Макрадули од СДСМ и Лиле Поповска од ДОМ рекоа.

-Двајца ученици што седат на иста клупа ќе треба да отидат на различни страни,да изучуваат различни религии,а тоа за нас е неприфатливо.

-Сметам дека не треба да има задолжителна веронаука во училиштата поради тоа што е спротивна на уставот,ќе го зголеми јазот меѓу луѓето.

Различни ставови во врска со вклучувањето на религијата во образованието имаат и екеспертите. Социолозите Зоран Матовски и Нурфет Мемишовски сметаат.

-Не да се учи само за исламот или само за христијанството или само за исламот и христијанството,што би било уште полошо,туку да се учи за сите религии.

-Јас би се залагал исклучително за мултиконфесионалниот модел,со цел учениците од различни конфесионални групи подобро да се запознаат,а со тоа подобро мезусебно познавање ќе имаат и поголема можност за меѓусебно почитување.

Во регионот само Албанија нема религија во образованието. Во Хрватска е задолжителен предмет, во Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина изборен. Веронаука ќе предаваат теолози а историја на религии социолози. Предавачите нема да носат верска облека а во училиштата нема да има верски објекти. Во шесто одделение се воведуваат уште два предмети по избор. Етика или граѓанска култура. Наставниот процес во вчера изгласаната деветолетка се дели на три периоди : од прво до трето, од четврто до шесто и од седмо до деветто одделение.