Усвоена резолуцијата против планот на Ахтисари | Теми на денот | DW | 15.02.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Усвоена резолуцијата против планот на Ахтисари

Новиот српски парламент отфрли најголем дел предлозите на специјалниот пратеник на ОН , Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косово .

default

Вчера по неговото конституирање , парламентот во Белград ја усвои резолуцијата што ја предложи српската влада во која се наведува дека планот на Ахтисари во основа е неприфатлив бидејќи води кон независност на Косово . Резолуцијата пред парламентарците ја образложија шефот на државата Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница .

„Тоа во основа е план кој го отвора патот за независност на Косово со што се кршат суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја , Прифаќањето на тој предлог значи би имало против уставен карактер на што јасно се укажува во нацртот на резолуцијата , кој затоа ве повикува да ги отфрлите ставовите од предлозите на специјалниот пратеник на ОН“ – порача во вчерашното обраќање пред новиот состав на парламентот на Србија , претседателот на државата Борис Тадиќ.

Во иста насока беше и пораката на премиерот Коштуница до новите српски парламентарци:

„Наша должност е давајќи јасен одговор да одбиеме самите да бидеме соучесници во отстапувањето на правото пред силата. Тоа значи дека Косово не може да биде независно дури ако биде грабнато со сила или правно насилство, бидејќи она што е грабнато секогаш останува грабнато.

Коштуница и Тадиќ всушност го интерпретираа основниот дух од резолуцијата за Косово која потоа пратениците ја усвоија со 225 гласа за наспроти 15 против.

во резолуцијата меѓутоа не е наведено дека планот на Ахтисари се одбива во целост , туку дека се отфрлаат неговите делови кои водат кон независност на Косово . Во парламентот вчера беше дефиниран и ставот дека српскиот преговарачки тим ќе оди во Виена да се спротистави на одредбите од планот на Ахтисари но и да ги брани ставовите од парламентарната резолуција за Косово:

„Ќе одиме во Виена да објасниме дека Србија е подготвена на секаков разумен компромис , дека Србија на албанското национално малцинство на Косово и Метохија му понуди најголем можен степен на автономија “– истакна премиерот Коштуница .

Инаку вчера во парламентот можеа да се чујат и поинакви гласови. 15 пратеници од коалицијата собрана околу Либерално демократската партија, гласаа против резолуцијата , со став дека таа претставува израз на континуитет на политиката која ја уништила Србија .

На резолуцијата и се спротистави и пратеникот од коалицијата на Албанците од прешевската долина Риза Халими, кој меѓутоа не беше во собраниската сала кога се гласаше за резолуцијата.