1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Урнисување на македонската репрезентација

Македонија неславно ги заврши квалификациите за Светското првенство во Бразил. Крај со пораз од Србија со 5:1, еден од најтешките во две децениската историја, со пласман на последното место со само 7 бодови

Резултатската катастрофа во Јагодина го заокружи лошиот настап. Катастрофалните 1:5 против Србија се само рефлексија на состојбата во македонскиот национален тим и атмосферата со која тој беше обвиен во завршницата! Состојба на се поголема апатичност на теренот и дисхармоничност во играта. Поттикната и од неочекуваното заминување на Чедомир Јаневски заменувајќи го селекторското место на националниот тим со клупата на последнопласираниот состав во белгијското првенство. Новото резултатско фијаско на Македонија е крајот, за разлика од почетокот на квалификациите кои беа со оптимистички најави за подобри резултати, за враќање на вербата и довербата на фудбалската јавност,со споменување дури и на битка за Мундијалот.

Солиден почеток, лош крај, нарушени односи

Николче Новески ја носеше капитенската лента во завршните натпревари. За Дојче веле, вако го оценува македонскиот настап:

Nikolce Noveski Fußballspieler

Николче Новески

„Имавме солиден настап на почетокот, игравме добро особено против Хрватска, Шкотска и Србија. Крајот од квалификациите нештата ги смени. Настанаа промени во стручниот штаб и во играчкиот состав и тоа придонесе целосно да потфрлиме и резултатски и играчки. Сметам дека многу работи треба да се променат. Тоа го покажа поразот во Јагодина. Во иднина пристапот и односот кон репрезентацијата треба од корен да се смени и од страна на играчите и од раководството.“

Инцидентната ситуација во соблекувалната на полувремето од натпреварот против Јагодина само ја отсликува лошата атмосфера во репрезентацијата.Имало жестоки меѓусебни обвинувања меѓу играчите, фрлање на дресовите ... наместо договор како да се продолжи натпреварот. Состојба која е надвор од сите норми на однесување во еден национален состав.

Томе Пачовски, голманот со долг репрезентативен стаж зборува за односот кој треба да се има кон националниот дрес:

„Ова е момент за да се направи длабока и целосна анализа зошто ова ни се случува. Зборувам од лично име. Доаѓам во репрезентацијата со желба да го дадам својот максимум. Сметам дека и другите играчи треба така да се однесуваат. Вака веќе не оди. Можеби треба да се размислува и за нов тим, за подмладување на репрезентацијата. Моментов во кој се наоѓаме е тежок.“

Молк во ФФМ, ветраните обвинуваат

Во фудбалската федерација на Македонија е молк. Раководните луѓе засега

Ilco Gjorgjioski Präsident des Mazedonischen Fußball Bundes

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски

одбиваат да го коментираат штотуку завршениот квалификационен циклус по кој Македонија никогаш не била пониско рангирана. Таа е на европското дно во друштво со Андора, Фарските острови, Сан Марино, Лихтенштајн...

Моментот на македонскиот репрезентативен фудбал за Дојче веле го коментираат некогашните истакнати фудбалски имиња. Харизматичниот Васил Рингов смета дека ова не е реалната слика:

„Нема никаков напредок во играта на Македонија. Состојба во која нештата тлеат. А, мислам дека имаме квалитет за неколку места погоре. Пример треба да ни биде Босна и Херцеговина, која заслужува честитки. Македонија мора да го прошири фудбалскиот фронт и да тргне нагоре чекор по чекор. Но, за тоа е потребно подготвување на програма, мора да се знае што се сака и да се умее како да се изработи. Во овие 20 години споредувајќи се со земјите напоранешна Југославија, само кај нас нема никаков напредок.“

Митко Стојковски, беше во „историскиот“ македонски состав, кој влезе во првите квалификации во 1994 година. Беше стрелец и на првиот македонски гол против Данска во Скопје. Вели дека е ова многу лош момент за мак-фудбалот:

„Ова е резултатска катастрофа, иако на почетокот имаше и елан и игра, со еден збор-личевме. Белгија и Хрватска беше јасно дека се фаворити. За Македонија верував дека може да бие битка за трето-четврто место. Сега сметам дека не заслуживме ништо подобро од последното место. Жално е што постојано ни се

Gorgi Hristov Fußball Sport Mazedonien

Ѓорѓи Христов

повторуваат истите работи. Потребна е стратегија, бидејќи немаме голем избор на играчи. Не гледам перспектива, би сакал да грешам...“

Ѓорѓи Христов,кој го завршуваше репрезентативниот стаж со еден дел од сегашната генерација од поодамна укажува во јавноста на ваков резултатски епилог:

„Жал ми е, но моите прогнози се остварија. Стартувавме добро, се создаде еуфорија, се направи атмосфера, почнаа да се споменуваат „баражи“, Бразил... и наеднаш амбис! Ни се случи кавга меѓу играчите, ни се случи чудно заминување на селекторот, ни се случи најлош пласман досега. Нема дисциплина, нема однос. Луѓето во ФФМ најавуваа подобро утре, но излегува дека ќе го бараме лошото вчера.“- за Дојче веле изјави Ѓорѓи Христов.