1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Урнат американски хеликоптер во Ирак

На аеродромот во Багдад денеска е урнат американски хеликоптер. Арапската телевизија Ал Џазира јави дека е загинат најмалку еден војник, а повредени се 20 припадници на американската армија. Во хеликоптерот имало вкупно 35 лица.

Станува збор за хеликоптер од типот "Чинок", што Американцитте во Ирак ги користат за транспорт на своите сили меѓу Багдад и базите во внатрешноста на земјата. Според очевидци, врз хеликоптерот е гаѓано со две ракети земја-воздух, а армијата сеуште не наведува со какво оружје е гаѓано врз леталото. Минатиот викенд во близина на градот Тикрит беше урнат хеликоптер од типот "Блек Хоук". Притоа беа повредени петмина членоти на екипажот. Денеска училиштата во Багдад останаа празни, со оглед на стравот кај родителите од евентуален "Ден на отпорот". Според пропагандата во Ирак, терористичките напади наводно би биле насочени особено против училиштата.

И покрај растечкиот број загинати американски војници, претседателот Џорџ Буш, отфрла можност за предвремено повлекување на окупаторските сили од Ирак.

"САД ќе ја завршат работата во Ирак. Напуштањето на Ирак предвремено само ќе ги охрабри терористите и ќе ја зголеми опасноста за Америка. Ние сме решени да останеме, да се бориме и да победиме. Терористите и проврзаниците на поранешниот режим ќе загубат зашто Америка и сојузниците имаат стратегија - а нашата стратегија е работење. "

Буш една година пред претседателските збори, има еднаква позиција кај избирачите, како и демократите. Според денеска објавената анкета во Вашингтон пост, Буш би добил 48% од гласовите, а неговиот противкандидат од редовите на демократската партија би освоил 47% гласови.