1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Уривањето на двата руски авиона терористички чин?!

Руските разузнавачки експерти не ја исклучуваат можноста дека уривањето на двата патнички авиона во кои загинаа 90 патници и членови на екипажот е терористички напад

Остатоци од урнатиот Т-134

Остатоци од урнатиот Т-134

Известувачките служби во Русија по наредба на претседателот Владимир Путин засега внимателно ги испитуваат можностите за терористички напад.

Експерти за експлозиви, според портпаролот на службата за безбедност Сергеј Игначенко, веќе се наоѓаат на лице место на двете несреќи во обид да пронајдат докази за причините за уривањето на двата авиона. Според информациите засега е пронајдена една од четирите црни кутии, но нема подетални информации.

Според некои руски пратеници, терористички напад е најлогично објаснување за причините за несреќата. Аркади Баскајев, член на безбедносниот комитет на руската Дума изјави дека е индикативно што и двата авиона кои полетале од ист аеродром се срушиле речиси истовремено.

И од авиокомпанијата “ Сибир“ сопственичка на еден од двата урнати авиона “Тупољевот “154, не ја исклучуваат можноста дека станува збор за терористички напад. Имено компанијата добила телеграма во која пишувало дека во еден од авионите проработел сигналот за известување за киднапирање.

Двата патнички авиона се урнаа синоќа околу 23 часот во временски интервал од 3 минути. „Тупољевот- 134„ кој леташе кон црноморскиот туристички центар Сочи се урна во близина на градот Тула, во него се наоѓаа 44 патници и членови на екипажот. Остатоците од вториот авион „Тупољев-154„ кој леташе на линија Москва- Волгоград беа пронајдени во Ростовската област. Ниту еден од 46 патници не ја преживеа несреќата.

Државното обвинителство покренало обвинение за кршење на правилата за експлоатација на авионите.