1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Урагански ветришта над Велика Британија и Бретанија

Во силното невреме што ги погоди Велика Британија и Бретанија во Франција загинаа неколкумина луѓе, а повеќе десетици илјади домаќинства останаа без струја.

Пред два дена урагански ветришта предизвикаа масовни проблеми со напојувањето со струја во Велика Британија, сега регионот е погоден од дожд и снег придружувани од бура и брзина на ветеорот од речи 130 километри на час на југозападот на Англија. Во центарот на Лондон, според полициски инфомации животот го загубила една жена, а еден маж е повреден, кога се урнала зграда и урнатините паднале врз нивниот автомобил.

Во Шкотска за изчезнати се водат две лица. Во Велс околу 17.000 луѓе се отсечнеи од напојувањето со струја.

Исто така и на Ламанш и на брегот на Атлантскиот Океан на француска страна беснееше бура. На Ламанш ферибот со 735 патници бил погоден од огромен бран. Повеќемина патници биле повредени и бил скршен прозорец на бродот.

England Grroßbritannien Prinz Harry Prinz William Unwetter Flut

Помош од кралската куча: Принцот Вилијам и принцот Хари во поплавените региони

Поради бурата „Ула“ во Бретанија останаа 100.000 домаќинства без струја. На некои места постои опасност од поплава.

Претстојат нови бури

Британската метеоролошка служба очекува бурата денеска да мине низ целата земја и да нанесе натамошни штети. Се очекува дека ќе има натамошни евакуирања како и пречки во сообраќајот. Во рок од шест часови би можеле да наврнат 40 милиметри дожд на метар квадратен.

Жртвите од тешките поплави во Велика Британија добија и помош од кралската куќа. Во местото Дачет западно од Лондон прицот Вилијам и принцот Хари им помагаа на војнците со подавање на вреќи со песок. Ненајавената посета најверојатно е приватна посета на внуците на кралицата Елизабета.