1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ураганот помина, политиката се врати

Американските претседателски кандидати со зголемен интензитет ја продолжија предизборната кампња на пет дена пред одлучувачкото гласање. Пустошот што го остави „Сенди“ ќе има влијание и врз трката.

Повеќе од шест милиони семејства и бизниси на источниот брег на САД се’ уште се без електрична енергија по налетот на ураганот „Сенди“. Бројот на жртвите во катастрофата достигна 74 луѓе, а илјадници останаа без своите домови.

Двајцата кандидати на изборите, американскиот претседател Барак Обама и неговиот ривал Мит Ромни веќе им се вратија на обврските во предизборната кампања за изборите кои се закажани за пет дена.

USA TV-Duell Mitt Romney Barack Obama Boca Raton

Барак Обама и Мит Ромни

Обама ја остави политиката на страна и мина три дена во организирање на одбраната од ураганот „Сенди“, додека Ромни мораше да се воздржи од критики за да не делува безчувствително кон луѓето кои се борат против последиците од невремето.

Обама вчера го посети  регионот на Њу Џерси, кој беше меѓу најсилно погодените од ураганот.

Ромни организираше акции за собирање помош за настраданите во неколку сојузни држави.

На пет дена пред гласањето, Обама и Ромни се во тесна трка, а нивниот штабови предвидуваат сопствени победи. Сепак, анкетите покажуваат дека Обама е во мала предност во девет клучни сојузни држави кои не се јасно определени ниту за демократите ниту за републиканците.

Првичните анализи се дека Обама, благодарение на ураганот добил можност да се покаже како вистински лидер во време на криза. Ураганот, од друга страна, му предизвика главоболки на Ромни, бидејќи го оттргна вниманието од кампањата во моменти кога изгледаше дека му расте поддршката.

Повеќе од 19 милиони луѓе веќе гласаа на претседателските избори, преку електронска пошта или лично. Гласовите нема да се пребројуваат до 6. ноември.