1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ураганот Дин

*

Ураганот Дин пристигна доста ослабнат до мексиканскиот полуостров Јукатан. Центарот на ураганот од петтата категорија, падна на третата и сега неговата брзина изнесува само 200 километри на час, соопшти американскиот центар за урагани. На неговиот пат преку карипскиот појас, ураганот мина со 270 километри на час проследен со силен дожд што ги зафати брегот на Мексико и Белизе. Населението од крајбрежниот појас посебно се подготвуваше за ова, а од многу места туристите се префрлени на сигурно. Државната компанија за нафта евакуираше повеќе од 14 илјади вработени од платформите за бушење од мексиканскиот залив. На патот преку Карибик, ураганот веќе однесе 12 животи.