1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ураганот Дин стигна до Мексико

Ураганот Дин утрово стигна до мексиканскиот полуостров Јукатан.Окото на ураганот имаше брзина од околу 300 километри на час,а последиците се чувствуваа во радиус од околу 100 километри.

default

Во меѓувреме силата на ураганот спласна,од петта категорија сега тој премина во трета, со брзина од околу 200 километри на час,но експертите и натаму предупредуваат дека Дин има разурнувачка сила.

Мексиканската влада во кризните региони испрати околу 4 илјади војници.Илјадници туристи веќе ги напуштија летувалиштата,други се подготвуваат тоа да го направат.Во заливот Мексико се евакуирани повеќе нафтени платформи,околу 18 илјади работници мораа да ги напуштат превентивно.Во градот Белице е воведена забрана за влегување ,а болниците се затворени.Претходно жителите беа повикани да го напуштат градот.Дин ќе биде толку силен,што може да ги однесе куќите,изјави еден репортер.

Во меѓувреме ураганот Дин помина околу 3 илјади километри преку Карибикот и предизвика делумно пустошења на Антилите.во Доминиканската република,Хаити и на Јамајка.Тој предизвика смрт на 12 луѓе.Населението во овој регион во меѓувреме веќе се навикна на ураганите,како што велат овие луѓе:

„Ние веќе преживеавме многу урагани:Гилберто,Емили,Вилма.“

„Мора да се зачува присебноста,да се делува смирено.Затоа сега преземаме превентивни мерки пред да стигне следниот ураган.“

Иако во овие делови ураганот не беше со толкава сила,уништи бројни куќи,откорна дрвја,превтри автомобили.

Метеоролозите очекуваат дека Дин и натаму ќе беснее преку полуостровот Јукатан.Потоа ќе се упати во заливот Мексико,а в четврток повторно ќе удри врз мексиканското копно,но со намалена сила ,два или три степени.Не се очекува ураганот да достигне до американската сојузна држава Тексас,но тамошните жители сепак започнаа со подготовки за можен удар на ураганот.