1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ураганот Вилма се приближува до Флорида

Ураганот Вилма, што го опустоши полуостровот Јукатан во Мексико, ја зголеми јачината и од втора прејде во трета катергорија според петостепената скала на Сафир-Симпсон. Силните ветришта се движат кон Флорида, каде населението и туристите веќе се евакуираат.

Населението на Флорида масовно се евакуира

Населението на Флорида масовно се евакуира

,, Ураганот го следат ветрови кои достигнаа до 193 километри на час, со што тој прејде во трета категорија. Ова е многу опасен ураган, иѕјавија претставници на американскиот центар за урагани во Мајами.

Во центарот сепак не очекуваат јачината на ураганот Вилма да се промени пред да дојде до брегот на Флорида. Главниот удар на ураганот, кој е пропратен со торнада и поројни дождови, се очекува денеска попладне.

Американските власти го повикаа населението да се евакуира, а луѓето почнаа масовно да го напуштаат јужниот дел на Флорида уште за време на викендот. Според последните информации, во засолништа се повеќе од 22 илјади луѓе. Сепак, агенциите јавија дека има и голем број, можеби 90 % од жителите на Флорида, кои одбиваат да се евакуираат образложувајќи дека Вилма сепак не е толку силна колку Катрина, ураганот што пред неколку недели го погоди јужноамериканското крајбрежје. Поради ураганот, што веќе четврти ден живее во тој регион, и што однесе многу покриви и откина голем број дрвја, повеќе од илјада туристи поминаа уште една ноќ далеку од луксузните хотели, во засолништа без струја и вода. При евакуација на населението од ризичните реони најмалку шест луѓе ги изгубија животите. Во меѓувреме, веселенската агенција НАСА соопшти дека го затвора вселенскиот центар Кејп Карневал поради приближување на ураганот Вилма. Преземени се сите мерки за беѕбедност на вселенските летала Дискавери и Ендевор.