1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Упатени еден на друг

Германската канцеларка Ангела Меркел престојува во Вашингтон. Таа денес (03.11.09) треба да одржи говор пред двата дома на американскиот Конгрес. Говорот пред Конгресот значи признание за партнерот од доверба.

default

Барак Обама и Ангела Меркел

САД и под раководство на Барак Обама се поделени. Демократите и републиканците се исто толку непомирливи едно со други како и во последните 20 години. Ниту една друга тема тоа не го доведува толку до израз, како обидот на Обама да воведе здравствено осигурување за сите граѓани. Но, и во делот на економската и финансиската политика, или кај прашањето - како натаму во Авганистан, владее несигурност, неединство, делумно дури и судир меѓу пратениците во Конгресот. Двата политички кампа тешко доаѓаат до компромиси, можеби и поради тоа што републиканците се‘ уште не го преболеле како што треба поразот на претседателските избори.

Германската канцеларка заминува во посета на Вашингтон во време на недозавршени политички препирки. Поканата до госпоѓа Меркел да зборува пред двата дома на претставничкиот дом е израз на признание. Таа и кај републиканците и кај демократите ужива еднаква почит. Во предвечерјето на свеченостите по повод 20-те години германско обединување, таа за многумина во Вашингтон е репрезент на американскиот сон - жена од комунистичкиот исток, која ги доживува историските пресврти и делумно е и дел од нив и која на крајот успева да стигне до врвот на демократски избрана влада. Тоа што остварувањето на ваквиот американски сон се одвива во Европа, за конгресмените не игра никаква улога.

САД имаат потреба од партнери од доверба

Во економски турбулентни времиња, во години на борба против исламистите, на САД им се потребни партнери од доверба. Уште шест месеци и конфликтот во Авганистан ќе стане подолг од сите други војни што ги воделе САД. Во Вашингтон расте стравот дека од страна на т.н. пријателски држави ќе останат оставени сами во борбата против меѓународниот тероризам. Дека војната во Авганистан, и покрај толку многу жртви, можеби ќе биде загубена, стравуваат не само конгресмените.

Dossier US-Kongresswahlen Bild2

Меркел не предизвикува идеолошка недоверба кај американските конгресмени

Затоа, САД постојано нагласуваат дека судирот против исламистите во никој случај не е работа само на Американците. Претседателот Обама се обидува да ги натера другите земји на преземање поголема одговорност, во прва линија европските земји кои се членки на НАТО. Но, во Европа тој има се‘ помалку столбови на кои може да се потпре. Британскиот премиер Гордон Браун веројатно ќе загуби на претстојните избори. Обама не може да се потпре вистински ниту на францускиот претседател. Никола Саркози во САД за многумина важи како променлив. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е тема во медиумите, пред се‘ поради неговиот приватен живот. Не е чудо, што во Вашингтон германската канцеларка е особено ценета.

Меркел не предизвикува идеолошки условена недоверба

Ангела Меркел го поддржува Обама не само во борбата против тероризмот. Заедно ги „туркаат“ реформите на финансиските пазари и се обидуваат да ја унапредат Групата 20. Одговорноста за стабилноста на светската економија би требало да се подели врз рамената на повеќемина.

Слично е и со политиката за климата. Канцеларката би сакала да ги вклучи САД повеќе во однос на тоа прашање, за да се дојде до резултат со кој целите ќе станат остварливи. Само за потсетување - поранешниот претседател Џорџ Буш не сакаше да слушне за меѓународно договорена климатска политика и играше, главно, на време. Обама, во тоа, јасно се раликува од неговиот претходник и наголемо поттикнува користење алтернативни енергии во САД. Поради таквите свои залагања е фален од страна на Меркел, која е научник од делот на природните науки. Се‘ поголем број конгресмени осознаваат дека борбата против загревањето на земјината топка не треба да се интерпретира само како оптоварување за државниот буџет, туку и како шанса за отворање нови работни места. Ако Меркел доаѓаше од партија како Зелените или Социјалдемократската партија, многумина американски политичари сигурно ќе имаа помала доверба во нејзе. Како шеф на една конзервативна партија, таа не предизвикува идеолошки условена недоверба.

Автор на коментарот: Миодграг Шориќ

Превод: Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM