1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Упасени напаѓачите врз „алфа“ специјалците!?

Три лица се директно обвинети за извршување и соучество во нападот врз припадниците на специјалните сили „алфа“ пред еден месец кај Природно математичкиот факултет во Скопје. Против нив се подигнати кривични пријави.

default

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на прес-конференција во Скопје изнесе повеќе детали за опсежната акција, во која беа приведени вкупно 20-тина лица. Против три од нив е покрената истрага за директно учество или помош во извршувањето на нападот против специјалците од единицата „алфи“. Трагата што ги одведе полициските сили до можните извршители одела преку автомобилите што биле користени за нападот. Во нив се најдени форензички докази за вмешаност на трите лица во деликтот. Повеќе детали чујте од следниот прилог.