1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Унијата и СПД резултатите ги сметаат за своја победа!

По објавувањето на првите прогнози следеа реакции од двете партии - ривали: СПД и Унијата.

Меркел и Шредер

Меркел и Шредер

Иако партиите на Унијата освоија најмногу гласови, процентот од 35,5 е далеку од она што се очекуваше. Во централата на ЦДУ во Берлин се огласи кандидатот за канцелар ба ЦДУ-ЦСУ Ангела Меркел.

"ЦДУ-ЦСУ се најмоќна сила, со што Унијата има јасна обврска да формира Влада" - изјави Меркел при нејзиното прво вреднување на изборите. Таа подвлече дека Црвено-зелените се надгласани, и тоа е една добра вест. Сега треба за народот на Германија да се формира една стабилна влада. Затоа , според неа ЦДУ-ЦСУ имаат сосема јасен налог и со сета своја сила ќе го преземат.Според Меркел Германија треба да оди по патот на реформите, иако мнозинството од народот чувствува страв. "Мора да јакне стопанството и да се намали бројот на невработените. Ние ќе направиме се што е во наша моќ" - подвлече таа.

Првиот човек на ЦДУ Едмунд Штојбер, кој на прес конференцијата беше рамо до рамо со кандидатот на Унијата, подвлече дека Меркел ќе ги започне разговорите со сите партии, освен со Левичарската.

Изнесените прогнози, помалиот процент од очекувањата за Унијата, делумно им го повратија здивот на социјалдемокрартите. Шефот на СПД Франц Минтеферинг во Централата на социјалдемократите во Берлин, изјави дека тоа е личен неуспех на госпоѓа Меркел.. "Оваа земја го сака Герхард Шредер за канцелар" - подвлече Минтеферинг според кого изборите покажаа дека луѓето имаат доверба во Шредер, а не во Меркел. Првиот социјалдемократ ја исклучи соработката со Левичарската партија.