1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уништени 34 камиони на НАТО во Пакистан

Во денешната експлозија на бомба во Карачи загинаа тројца пакистански војници, а четворица други беа повредени. Нападот доаѓа неколку часа откако беа уништени 34 камиони на НАТО, во терминал на југозападот од Пакистан.

default

Во нападот во Кета милитантите со ракети стрелаа камиони на НАТО, паркирани во склад за нафта, од каде се вршела испорака за контингените на различни локации во Авганистан. Во моментот на нападот, на терминалот имало 44 цистерни и товарни возила, бидејќи Пакистан ги затвори патиштата за испораките на НАТО-трупите во регионот, како реакција на воздушниот напад на Алијансата, во кој загинаа 24 пакистански војници.

Во големиот пожар останале неоштетени само две возила. И покрај големината на пожарот и оружјето што е користено, во нападот нема жртви. Одговорноста и за нападот врз НАТО-камионите и за денешната експлозија на бомба, во која загинаа три пакистански војници, не ја презеде ниту една организација.

Во Пакистан, од 2007-ма досега се убиени 4 700 луѓе, а одговорноста за тоа им се препишува на талибанците и други мрежи поврзани со Ал Каеда.

Автор: АМ/афп/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска