1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уништени 1000 години историја

Уривањето на зградата на Градскиот архив на Келн преставува голема загуба за културата. Тоа беше не само најголемиот туку и најстариот градски архив во Германија.

default

Под урнатините на Градскиот архив во Келн се затрупани 600.000 вредни историски документи

Историскиот архив на градот Келн беше најдобро сведоштво за тоа што бил овој град на Рајна: средновековна метропола, која некогаш била еднакво голема како Париз или Лондон, со безбројни сведоштва за животот во средниот век. Токму Келн беше градот кој поседуваше најсеопфатен архив северно од Алпите. Во него се чуваа оригинални документи за историјата на Келн и на Рајнската област стари повеќе од 1000 години. Најстариот од вкупно 600. 000 историски документи датираше од 922 година.

Bildgalerie Historisches Stadtarchiv Die älteste echte Urkunde des Stadtarchivs – 927

Најстариот оригинален документ од 927 година

Архивот во Келн не беше само „рудник на богатство“ за истражувачите на далечното минато туку и извор на скапоцени податоци за блиското минато. Не треба да се заборави дека на пример токму во Келн во редакцијата на весникот „Рајнише цајтунг“, главен уредник беше Карл Маркс и целиот редакциски архив на овој весник се наоѓаше во сега уништената зграда. Тоа не е единствената „скапоценост“. Имено Келн беше градот во кој долгогодишен градоначалник беше Конрад Аденауер, кој подоцна стана првиот канцелар на повоена Сојузна република Германија. И неговите записи и документи се сега под урнатините на Келнскиот архив.

26 километри полици со документи

Културните знаменитости едвам да можат да се пребројат. Келнската надбискупија беше, едно од најзначајните верски средишта уште во време на првите христијани, кои дојдоа во овој регион заедно со легиите римски војници. За среќа, надбискупијата има и сопствена ризница но и градскиот архив на Келн можеше да се пофали дека поседува непроценливо богатство од податоци. Токму во овој град по студиите во Париз подучувал бискупот-филозоф Албертус Магнус и тука починал во 1280 година. Овој просветител во чии ученици се вбројува и Тома Аквински, всушност е основач на универзитетот во Келн а во Градскиот архив беа чувани бројни списи на стариот учител.

Einsturz des Historischen Stadtarchivs in Köln

Зградата на Келнскиот архив утрината пред уривањето на 3 март 2009 година

Архивот меѓутоа не беше горд само на средновековните документи. Имено жител на Келн беше и нобеловецот Хајнрих Бел, кој на градот му ги остави сите свои ракописи. И не само тој. Тоа го сториле и голем број познати и помалку познати писатели и композитори како Жак Офенбарх или Макс Брух, архитекти како Доминикус Бем или Вилхелм Рипан. Долг е списокот на културни богатства кои се наоѓаа во некогаш 26 километри долгите полици на Келнскиот архив. Секоја година кон тоа беа додавани уште 300 метри документи. Единствената документарна празнина во архивот е меѓу годините 1927 и 1945 година. Целокниот фонд документи од овој период се наоѓал во подрумот на зградата на Градскиот совет која биле уништена за време на бомбардирањата во Втората Светска Војна. Вработените во архивот веќе започнаа да спасуваат барем дел од вредните документи. Меѓутоа мали се надежите дека ќе биде спасено многу.