1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Унионистичка парада во Белфаст

Под големо полициско обезбедување околу 30.000 Северноирци денеска се собраа на парадата на унионистите протестанти низ Белфаст. Маршот се одржува во знак на одбележување на стогодишнината од Алстерската спогодба.

Маршот долг десет километри, од центарот на градот до ридот Стормонт, каде се наоѓа Собранието на Северна Ирска, се одржува во знак на одбележување на стогодишнината од Алстерската спогодба.

Пред еден век, северноирските унионисти, протестанти собрани во разни партии и организации, потпишаа заедничка спогодба, што се означува како основа за разделувањето на ирскиот остров, десет години подоцна, на Република Ирска и на Северна Ирска.

Одделувањето на шест ирски провинции, во посебна покраина Северна Ирска, која остана дел од Обединетото Кралство на Велика Британија, настана по договорот на тогашниот водач на Шин Фејн, Мајкл Колинс и на владата на британскиот премиер Дејвид Лојд Џорџ од тоа време, според кој се создаде независна Република Ирска, но североисточниот дел од островот останува и натаму британски, затоа што мнозинството од луѓето во регионот, сите унионисти, претходно за тоа имаа потпишано спогодба.

Големи полициски сили одржуваат ред и мир на унионистичката парада. Претствник на локалната полиција изјави дека станува збор за најголема операција во последните 20 години, но тој рече дека засега нема никакви инциденти.

Не е забележан инцидент ниту додека колоната протестанти минувала покрај една од католичките катедрали во северниот дел од Белфаст.

Комисијата која ги определува трасите по кои се движат парадите, соопшти дека направила корекција во движењето на денешниот марш, за парадата да не минува низ еден „нагласено католички кварт“ во градот, во обидот да спречи нереди и судири, што обично избувнуваат во текот на одржувањето на унионистичките паради.

Католичката заедница како и нејзините политичари сметаат дека станува збор за манифестации кои им припаѓаат на минатото, инсистирајќи дека тие во основа се навредливи и понижувачки за католиците, републиканци.