1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уникатни чоколадни јајца од 100 евра

Ориол Балагер не произведува чоколадни јајца кои се слични едно на друго. Неговата велигденска колекција секогаш ги надминува границите на традиционалниот стил. Овалната форма на јајцето е само основна форма.

„Ова јајце сосема добро ја претставува филозофијата на нашата куќа. Ако некој го види ова јајце, тогаш ќе се праша дали е ова јајце или уметничко дело. Тука имав идеја да создадам тродимензионално јајце“, вели слаткарот Ориол Балагер.

Четириесет годишниот слаткар го наследил талентот од својот татко, кој исто така е кондитор. Дури и како дете Ориол Балагер набљудувал како од чоколадо настанува уметничка креација. Тоа го карактеризира него. Всушност, тој сакал да студира уметност, но потоа останал вистински посветен на кондиторското производство.

Тој неговата љубов кон скулптурата ја пренесува на чоколадниот материјал, чие својство за обликување нему не му поставува граници. Балагер не се вознемирува што неговите дела не се трајни. За него е значајно неговите фигури да раскажуваат приказна, дека тие се повеќе од само едно јајце од чоколада.

Symbolbild Schokolade Oriol Balaguer

Својството на чоколадото лесно да се обликува му овозможува на Балагер да креира различни форми

„Ова е минлива уметност. Но, најубаво нешто што ми е кажано од муштериите е дека тие јајцето не го јадат, туку го оставаат од година во година во дневната соба или трпезаријата, бидејќи за нив е штета да го изедат. Тоа најмногу го сакам“, вели Ориол Балагер.

Мешавина на форми и бои

Секоја година кондиторот од Барселона со својот тим креира во просек десет нови дизајни за Велигден. Неколку месеци пред празникот, тој ги собира сите вработени за да дадат предлози. Конечната селекција ја прави по тестот со возрасни и деца.

За својата инвентивност Ориол Балагер во 2001-ва беше прогласен за најдобар кондитор во Шпанија. И други награди следуваа потоа.

Чоколада и еирбраш техника – и тоа е можно. Велигденско јајце со хоризонтот на Барселона е испрскано во повеќе слоеви со прехранбени бои.

„Неверојатна среќа е да може да се работи тука. Кога тука започнав, секогаш ја имав книгата за готвење од Ориол на наткасната, ја читав и се инспирирав“, вели еден од вработените во кондиторската работилница на Ориол Балагер.

„Која е мојата визија? Се обидувам да правам работи поразлични од останатите. Се обидувам да дизајнирам продукти кои се актуелни неколку години, за на тој начин останатите да се престигнат“, вели слаткарот Балагер.

Сенф во чоколада?!

Flash-Galerie Süßwarenmesse Köln 2010

Чоколадните јајца креирани од Балагер чинат и по 100 евра

Од ателје за чоколада до слаткарница – нема голема разлика. Слатката од осум различни состојки на чоколадата е најпродавана и е пример за експериментите на Ориол Балагер. Зошто да не се испроба комбинација од павлака, сенф, цреша и ванила?

Ориол Балагер знае дека само 20 проценти од неговите муштерии се подготвени да се впуштат во такви невообичаени комбинации. Но, тоа не го запира него да го револуционализира светот на задоволствата.

„Ако има вкусови, кои не паѓаат на памет, тогаш мора да се проба, а тие се меморираат во умот и така се шири листата на ароми и комбинации. Ако тоа еднаш се допадне, тогаш се применува во пракса. На пример, посебно го сакам сенфот и како дел од нашата ’Екстремна колекција’ за овој Велигден нудам чоколадо со нота на сенф“, вели Балагер.

Рачната изработка чини пари

Без оглед дали со вкусовите или со формите, тој секогаш сака своите муштерии да ги воодушеви и да им предизвика емоции.

Речиси 100 евра чини едно рачно изработено велигденско јајце, но тој едвај успева да го исполни производството.

„Ја негуваме оваа традиција веќе од пред многу години. Порано беа тоа кокошкините јајца, а сега се чоколадните јајца. А, ова овде е посебно убаво. Секако дека ги јадеме“, вели еден муштерија.

Велигденските јајца од Ориол Балагер изгледаат многу убаво, но целосното уживање ќе се почувствува исто така и ако се конзумираат.