1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Универзитет со услов - да се има најмалку 50 години

Годините се само бројки, а староста е состојба на умот. Сите кои сакаат да останат вечно млади треба да се запишат на универзитетот „Трето доба“.

Во преполниот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје секој петок попладне се одржуваат предавања од разни области. Студентите се амбициозни, желни за знаење, а нивна заедничка специфика е тоа што имаат најмалку по 50 години. Тие се членови на универзитетот „Трето доба“, граѓанска организација која преку едукативни, културни, работни и забавни активности ги промовира принципите на доживотно учење. Дојче Веле присуствуваше на еден од часовите.

„Ние сме се определиле до 100 година вака заедно да се дружиме, а потоа на кого колку му е напишано“, говореше пред колегите, претседателот на ова здружение, Томислав Димишковски. Во просек на секое петочно предавање присуствуваат по 70 студенти.

Студентите планираат предновогодишна екскурзија

Во меѓувреме, некои од нив посетуваат курс за странски јазици, други курс за модерни танци. Универзитетот редовно организира рекреативни прошетки, кафе-средби, групни посети на театарски, оперски и балетски претсави и концерти. Освен тоа, се реализираат екскурзии во Македонија и во соседството.

„Сега, иако е есен, многу е убаво на Милениумскиот крст“, ги повика колегите Димишковски.

Универзитетот се раководи според филозофијата дека годините се само бројка, а младоста, односно староста, е релативна категорија која зависи од кондицијата на умот на секоја индивуда.

Symbolbild - Gasthörer

Староста е релативна категорија

Возрасни, но активни

Идеалот на секој човек е да има среќно детство, активен работен ангажман и да го сочува здравјето за да може да ужива во мирните води на третото доба. Научивме да го живееме животот на нашето доба, не како носталгија за минатото, туку како реалност, вели претседателот на Универзитетот, 76-годишниот Димишковски.

„Ние настојуваме со нашите активности да останеме што подолго на нога за да не паднеме на товар на нашите семејства или на општеството. Да не ни згаснат интересите, туку напротив, да ги развиваме интересите“, вели Димишковски.

Студентите се свесни дека не можат да го запрат биолошкиот процес на стареењето, но уверени се дека можат тој процес да го направат поподнослив.

Најубаво е третото доба

Ако ја заборавиме, занемариме или загубиме способноста и интересот за активен живот, тогаш сме готови, вели пензионираната хемиска инженерка Зорка Јовковска. Вели дека секој период си има своја специфична убавина, а ако треба да посочи кое доба е најубаво - се определува за третото доба.

Bücher Haufen Brille

„Јас мислам дека сега ми е најдобро, по пензионирањето. Сега немам обврски, добро ме служи здравјето, така што сега е најубаво“.

Единствен услов за запишување на овој Универзитет е студентот да има најмалку 50 години. Целта е возрасните луѓе да се дружат и да се охрабрат да останат активни што е можно подолго во животот. Активностите на Универзитетот се реализираат според годишен план, усогласен со Програмата за одбележување на Европската година на активно стареење и меѓугенерациска соработка.