1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Универзитетски претседател ќе ја состави палестинската влада

Претседателот на универзитетот Ал Наџах во Наблус, Рамди Хамдала, доби задача да состави влада на Палестинците. Тој во меѓународни рамки речиси воопшто не е познат, но тоа би можело брзо да се промени. Хамас е огорчен.

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас му го довери мандатот за составување влада на Рами Хамдала (на фотографијата), потврди кабинетот на Абас. Хамдала доаѓа на местото на Салам Фајад, кој беше ценет на Запад. Фајад беше назначен за шеф на владата во јуни 2007 година. Тој решително најави борба против корупцијата, што на Автоноимните палестински власти им помогна да ја добијат довербата на меѓународната заедница од чија финансиска помош значително зависат палестинските територии. Меѓутоа, строгата буџетската политика на Фајад беше предмет на се‘поголеми критики кај населението во Западниот брег. До отворен судир со Абас дојде по прашањето на министерот за финансии, по што Фајад поднесе оставка на средината од април.

Новиот премиер Хамдала сега има време од три недели да состави влада. Тој сака да го следи курсот на Абас, а има намера и да го задржи поголемиот број министри. Сепак, како што најави, ќе има нов министер за финансии. Хамдала е член на движењето Фатах. Хамас, кој владее во Појасот Газа, оцени дека неговото назначување за премиер е недозволиво и го доведува во прашање планираното составување влада на единство од Фатах и Хамас. Двете страни постигнаа договор за заедничка коалиција во рок од три месеци. Меѓутоа, слични договори меѓу Хамас и Фатах пропаѓаа повеќе пати во минатото.