1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Универзитетот во Констанц

Место меѓу деветте „елитни“ универзитети во Германија има и за Универзитетот во Констанц: мал, но мошне силен во својата наставно-научна работа.

default

Универзитетот во Констанц отсекогаш сакал да биде меѓу големите. Тамошните професори потајно го нарекуваат „Харвард на Боденското Езеро“, иако ниту неговиот буџет, ниту големината можат да се споредат со прочуениот американски универзитет.

„Харвард на Боденското Езеро“

Професорите на Универзитетот во Констанц, сепак, имаат многу причини да бидат горди на својата високообразовна институција. Првична идеја на професорите-основачи на Универзитетот во 1966 година било да се создаде универзитет со модерен концепт на научно истражување.

Universitätsbibliothek in Konstanz

Универзитетската библиотека во Констанц

Отворени врати за сите студенти

Од архитектонска гледна точка, кампусот на Универзитетот во Констанц не е најсовршено градежно решение; за многумина делува старомодно, но неговите студиски програми се конципирани по најсовремен терк: мали работни групи, редовни консултации со професорите итн. Субвенциите од државата, кои Универзитетот ги добива како еден од деветте елитни универзитети во Германија, значително ги подобруваат условите за студирање во Констац, па така е воведена и безжична интернет конекција.

Библиотеката - срце на универзитетот

Библиотеката е центар на Универзитетот во Констанц и се смета за една од најопремените и најбогати библиотеки во Германија. Нејзините врати се отворени деноноќно, па така никому не му се ускратува задоволството да ужива во читањето и истражувањето, па неслучајно беше прогласена за најдобра библиотека во 2010 година од страна на Сојузот на германски библиотеки.

Автор: Елена Зингер / Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска